ВИЦ
Зборат двајца роми: ТОП ВИДЕО |
Thursday, 16 August 2012 16:48
Здравје
Истражувањето на научниците од Харвард покажува дека луѓето со нулта крвна група имаат природна заштита од болестите на срцето... За разлика од нив, луѓето со крвна група АБ, која е и најретка, имаат 23 проценти поголеми шанси да добијат срцев удар во споредба со другите лица. Луѓето со крвна група Б имаат 11 проценти, а oние со крвна група А имаат 5 проценти поголем ризик од срцеви болести. Крвната група 0 има одредени супстанции кои ја помагаат циркулацијата и ја намалуваат можноста од настанување на крвно згрутчување, со што се намалува ризикот од срцев удар. Исто така, крвната група А е поврзана со акумулација на лошиот холестерол во крвта, додека крвната група АБ се поврзува со поголем ризик од воспаленија кои имаат клучна улога во оштетувањето на артериите. Водителот на студијата, професор Лу Чи, вели дека луѓето од загрозените групи иако не можат да ја променат својата крвна група, можат да ги променат своите животни навики и да ги намалат шансите од добивање срцеви тегоби. Откажете се од цигарите, редовно вежбајте, хранете се здраво и одржувајте нормална телесна тежина - и не е важно која крвна група сте. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|