Wednesday, 08 August 2012 11:00 Здравје

Секоја од нас сонува за витка и тонизирана фигура, а сезоната пролет-лето и сите неверојатни фустанчиња со мини должина, кои сакаме да ги облечеме едноставно нема како да ја зајакнат и без тоа огромната желба да ги стопиме вишокот килограми...

Многу често резултатите кои ги очекуваме од диеталниот план не се толку видливи колку што сме се надевале дека ќе бидат. Тоа често не разочарува и е причина да не продолжиме понатаму. Затоа денес ќе ви покажеме неколку хранливи трикови, кои не само што многу брзо ги топат натрупаните килца, туку и ќе ви помогнат да ги подобрите како метаболизмот, така и целокупната состојба на организмот.

Избегнувајте го маслото
За да ги избегнете непотребните калории кога го пржите омилениот зеленчук или пак подготвувате јајца за појадок, не користете масло.
Купете си тефлонска тава со која лесно ќе може да готвите храна без да ви е потребно масло.

Зелен чај
Зелениот чај има исклучително поволно влијание врз организмот на човекот. Овој пијалок, познат на човештвото веќе илјадници години, е силен антиоксиданс, кој има многу добро прочистувачко дејство, го подобрува метаболизмот и го поттикнува создавањето на хормонот норадреналин, кој помага за побрзо согорување на калориите.

Кревко месо
Местото има важна улога во избалансираната и здрава исхрана. Тоа е вреден извор на витамини, минерали и протеини. Но, сепак експертите се согласуваат дека за да се простите со вишокот килограми треба да избегнувате масно месо, производи од мелено месо или колбаси, туку да јадете кревко и по можност не пржено месо.

Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот не само што се исклучително корисни за организмот поради својот состав богат со витамини, туку и помагаат за зајакнување на метаболизмот, што ги прави верен пријател во борбата со килограмите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...