Tuesday, 07 August 2012 14:40 Здравје

Луѓето ги забележуваат вашите нокти. Затоа внимавајте да не се најдете во ситуација да ги видат несредени . Ви нудиме 10 совети за убави нокти на рацете и на нозете...

1.Најубавата форма на ноктите не е долга, кратка или квадратна, таа е квадратно-овална. Постигне ја оваа форма така што ќе ги истурпите рабовите да личат на закривување во основата на ноктот. Покрај тоа, квадратни рабови на ноктите ги прават прстите да изгледаат дебели.

2. За да бидете сигурни дека ноктите ви се со еднаква должина споредете го секој пар.

3. Вртете шишенцето со лак меѓу дланките, наместо да го протресувате. На овој начин не се создаваат меурчиња.

4. Пред да ги лакирате чистите нокти, натопете вата со отстранувач за лак и избришете ги. Ова ќе ги отстрани остатоците од маснотии или сапун, кои можат да предизвикаат брзо лупење на лакот.

5. Еден трик при нанесување на лак: држете четкичка меѓу палецот и средниот прст, а со показалецот притискајте одозгора.

6. Нанесувајте тенки слоеви, за да постигнете најдобри резултати. Започнете со тенок слој на основа, а потоа нанесете тенок слој лак. По потреба може да нанесете уште еден тенок слој лак.

7. Откако маникирот или педикирот ви е подготвен, ако сте ја извалкале кожата со лак, можете лесно да ја исчистите, така што стапче за чистење уши ќе  натопите во ацетон и полека ќе поминете преку замачканото место.

8. Забрзајте го сушењето на прстите на нозете со фен (вклучен да дува ладно). Осигурајте се дека фенот е оддалечен најмалку дваесетина сантиметри од вашите нозе.

9. Ако ноктите ви се пожолтени или валкани, нанесете капка малсо од лаванда или лимон за нокти и користете турпија за полирање за да ги исчистите дамките.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...