ТОП ВИДЕО |
Monday, 06 August 2012 19:14
Здравје
Грозјето е преполно со состојки кои се одлични за нашиот организам, а со оглед на тоа што сезоната на овој свеж и вкусен плод е во тек, пробајте ја оваа диета... Грозјето е идеално овошје за летна еднодневна диета, бидејќи пазарите буквално се преплавени со сочни гроздови. Овој продукт има висока хранлива и диететска вредност, а делува и како природен тоник за организмот. Содржи во просек 20 проценти шеќери, а со тоа има и висока енергетска вредност, покрај тоа има доволно витамин Ц и е важен извор на калиум. Главната вредност на грозјето е во биофлавоноидите, соединенија кои се вредни антиоксиданси и ги штитат клетките од штетното влијание на слободните радикали. Грозјето, исто така, делува превентивно на голем број болести и го забавува стареењето на организмот. Најдобар извор на флавоноиди е сокот од црното грозје. И семките се вреден извор на активни состојки кои делуваат на намалување на холестеролот. Летото е најдобро време за еднодневно чистење на организмот со грозје. Со оглед на тоа што содржи многу вода, во која се растворени минерали и витамини, воедно и целулоза, дава чувство на ситост без вишок на калории. Еднодневната диета со зрна грозје има диуретично дејство, промовира нормално варење и ги чисти цревата, го тонизира организмот и овозможува губење на килограми. Оваа диета не може да биде поедноставна, доволно е да купите околу два килограми грозје и да го јадете во текот на целиот ден, без ограничување, во секое време кога ќе посакате. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|