Wednesday, 01 August 2012 17:42 Здравје

Насмевката го намалува стресот и штити од срцеви заболувања, утврдија американските научници...

Тие открија дека насмевката го намалува стресот и го намалува срцевиот ритам, додека човекот врши тешки задачи. Научниците ги истражувале ефектите од различните видови на насмевки во тешки ситуации.



Авторите на истражувањето Тара Крафт и Дара Пресман ги поделиле насмевките на две категории - стандардни насмевки кои ги користат мускулите околу устата, и искрени насмевки кои ги ангажираат мускулите околу устата и очите.

Истражувањето било спроведено врз 169 лица кои биле поделени во три групи, секоја група била тренирана да прави различен израз на лицето. Тие биле обучени да држат стапчиња за кинеска храна во уста за да ги ангажираат мускулите кои се користат за создавање на неутрален израз на лицето, стандардна насмевка или искрена насмевка.



Тенките стапчиња биле од суштинско значење за насмевката, бидејќи ги тера луѓето да се смеат, без да се свесни дека го прават тоа - само половина од членовите на групата биле обучени да се насмевнуваат. Потоа учесниците биле замолени да вршат активности кои без нивно знаење биле замислени како стресни.



Додека ги правеле двете стресни задачи, учесниците ги држеле стапчињата во уста, како што биле обучени, а истражувачите го измериле срцевиот пулс и нивото на стрес. Во споредба со луѓето со неутрален израз на лицето, учесниците, кои биле обучени да се насмевнуваат, имале пониски нивоа на срцеви отчукувања по опоравувањето од стресна активност.



Според д-р Пресман откритието покажува дека насмевката за време на кратка стресна ситуација може да помогне при намалување на интензитетот на стресна реакција на телото без разлика дали човекот всушност е среќен.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...