Tuesday, 31 July 2012 13:17 Здравје

Оние кои ги имаат сакат да се ослободат од нив, оние кои очајно ги посакуваат ќе направат се за да ги добијат. Стнува збор за заводливите кадрици кои и ова лето се непогрешлива комбинација. Најдобар пример се познатите убавици...

Густи и долки кадрици
Џенифер Лопез за јавните настани често ја бираше рамната и долга фризура, но во последно време нејзините природни кадрици се нејзин главен адут. Ако и вие сте среќница која може да се пофали со природни локни, дајте им волумен со вода или пена за коса и вашата фризура е подготвена.

Заводливи локни
Откако се појави во улогата на тренди колумнистка во серијата Сексот и градот, Сара Џесика Паркер не се откажува од заводливите локни. Со оглед на тоа што нејзината природна коса е прекршена глумиџата и дава дoдатен волумен и романтична фризура. Фигаро или кружна четка се вашите сојузници.

Опуштени кадрици во средна должина
Трендовите на фризури секоја година се поедноставни и опуштени. Ако сакате на вашата коса со средна должина да и дадете волумен, пробајте со фризура каква што има Рејчел Мек Адамс. Ако сакате да постигнете таква фризура избегнувајте лак за коса и гел затоа што тие ќе ја залепат и фиксират косата, па ќе ја изгуби флексибилноста и природниот изглед.

Полу подигнати кадрици
Косата со кадрици не мора секогаш да ја држите распуштена, а тоа го знае и црвенокосата Кристина Хендрикс. Направете нежни локни низ целата коса, а предните прамени тргнете ги од лицето и прицврстете ги со шнола. Ваквата фризура е идеална за вечерно излегување.

Ситни и кратки кадрици
Ретко кој може да се пофали со густи и ситни кадрици какви што има Хали Бери. Токму оваа реткост треба да се цени, а глумицата е вистински пример дека кадриците не мора да бидат долги за да изгледаат одлично. Маслото за коса кое се нанесува на врвовите, на косата ќе и даде сјај и влажност и ќе ги обликува локните.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...