ТОП ВИДЕО |
Thursday, 26 July 2012 17:42
Здравје
Поради своите природни состојки пивото има благотворно дејство врз здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите... Уште месопотамските пивари пред четири и пол илјади години пивото го користеле за козметички цели. Во стариот Египет, робовите кои ги граделе пирамидите пиеле пиво за да си ја вратат силата, а богатите жени откриле дека со капење во пиво ја освежуваат својата кожа и ја заштитуваат од кожни болести. Пивото е квалитетен извор на магнезиум, калиум, цинк, фосфор, силициум, сулфур, натриум и бакар, витамини Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12 и поедини аминокиселини и флавоноиди. Препорачаната количина пиво за жени е 3 децилитри дневно. Пивото ги пегла брчките Тајната на пивото е во витамините, минералите и биоактивните супстанции, особено полифенолите кои го спречуваат предвременото стареење. Воедно поради микроелементите, како што се поголемите количини на цинк, кожата станува поотпорна на создавање мозолчиња и на неповолните надворешни влијанија. Бидејќи хмељот на пивото му дава антиоксидантно својство, екстрактите од тоа растение се користат во козметичката индустрија за производство на препарати наменети за нега на чувствителна кожа. И нашите баби ја миеле косата со пиво Одамна е познато дека за нега на косата се користи пивото. Пивото му дава сјај и цврстина на влакното, без разлика дали влегува во состав на индустриски произведените шампони и препарати за коса или е од домашно производство. Витаминскиот коктел добиен од пивото со додаток на сув квасец помага во зајакнувањето на ноктите. Тајни ритуали Една од најпознатите приказни зборува за ритуалите кои ги применувала царицата Теодора. Таа користела наизменично купки од топло и ладно пиво. Купките во топло пиво служеле за обновување на кожата, а купките од ладно пиво за одржување на младоста. Денес постојат термални бањи во кои „пивската терапија“ е многу барана. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|