ВИЦ
Перица го прашува комшијата: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 24 July 2012 23:53
Здравје
Седењето пред компјутер или телевизор до доцна во ноќта или спиењето пред запален телевизор може да ги зголеми шансите да станете депресивни, покажува студијата на научници од САД... Студијата на научниците од Медицинскиот центар при универзитетот Охајо, кој делумно го финансира и Министерството за одбрана на САД, би требало да ги наведе на размислување ноќните птици. Истражувачите направиле експеримент со глувци, ги изложувале на придушено светло и забележале промени во нивното однесување и во мозокот исклучително слични на симптомите кај депресивните луѓе. Зголемувањето на изложеноста на вештачка светлина во последните 50 години се совпаѓа со зголемената стапка на депресија, посебно кај жените кои се двојно посклони кон таа состојба од мажите. Глувците во експериментот четири недели биле изложувани на слаба светлина во текот на ноќта, слична на онаа што ја создава телевизискиот екран во замрачена соба, а резултатите се споредувани со контролната група што била изложувана на нормален циклус на светло и темно. Експерименталната група потоа две или четири недели била изложувана на нормален циклус и потоа испитувана. Резултатите покажале дека глувците биле помалку активни и имале послаб интерес за пиење засладена вода од вообичаено, што се два симптома споредливи со знаците на депресија кај луѓето. Забележани се и биолошки сличности кога истражувачите утврдиле промени во делот на мозокот наречен хипокампус, слични со оние кај луѓето заболени од депресија. Симптомите на депресија биле реверзибилни, утврдиле научниците врз основа на резултатите кај глувците кои се вратиле во нормалниот циклус на светло и темно. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|