Friday, 13 July 2012 12:36 Здравје

Кои се топ 10 намирници за слабеење во лето? Истите кои се корисни и задолжително треба да ги вклучите во летото мени - цреши, диња, репка, босилек, авокадо, бамија, кромид, магдонос, ананас и домати. Еве ги топ 10-те намирници, кои треба да ги купувате, јадете и да ги ставите во фрижидерот во жешките летни денови, за да слабеете и да останете добра форма. Сите од нив се со свои предности и се доста здрави...

Цреши - црешите се богати со витамините А, Ц и Е и фитохимикали кои штитат од рак на дојка, белите дробови, црниот дроб, желудникот и кожата. Влакната кои ги содржат го подобруваат варењето на храната.

Лубеница - таа е со висока содржина на калиум, витамин Ц и бета-каротен. Го контролира крвниот притисок, го намалува нивото на "лошиот" холестерол и штити од рак.

Репка - исклучително богата со фолна киселина, репка е меѓу најкорисните намирници за летото. Штити од разни видови рак и го зајакнува имунолошкиот систем.

Босилек - кој би одбил порција салата од домати, моцарела, босилек и маслиново масло? Никој. Босилокот, исто така штити од рак, го подобрува варењето и помага при гасови во стомакот.

Авокадо - иако содржи многу масти, тие се мононезаситени и го намалуваат нивото на "лошиот" холестерол во крвта.

Бамја - со висока содржина на глутатион, кој ги напаѓа клетките на ракот. Освен тоа, е богат извор на витамин Ц, магнезиум и влакна.

Кромид - се разбира, не оној пржениот, кој е многу вкусен, но не толку корисен. Свежиот кромид го контролира крвниот притисок, ги намалува воспаленијата и го штити имунолошкиот систем.

Магдонос - не пропуштајте да го користите магдоносот во салатата, бидејќи е магија. Богат со витамин Ц и фолна киселина, магдоносот штити од уринарни инфекции и ги ублажува симптомите кај ПМС.

Ананас - тропскиот плод, го подобрува варењето на храната, ги зајакнува коските, се бори со настинките и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и рак.

Домати - со висока содржина на витамин Ц, А, калиум и железо, се брои меѓу најкорисните плодови во текот на летото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...