Wednesday, 11 July 2012 08:13 Здравје

Тешките слоеви на шминка не се прикладни за овиe пеколни горештини па многу девојки се откажуваат од својата класична рутина и од дома подобро би излегле во природно издание. Сепак, ако сакате да изгледате дотерано и во летните денови, ви претставуваме едноставен и брз make up изглед кој нема да се "растопи" на сонце и кој нема да ви одземе премногу време...

Што ви е потребно:

Хидратантна и крема со заштитен фактор

Коректор

Бронзер

Руменило

Водоотпорен туш за очи

Маскара

Лабело, сјај или кармин во омилената боја

Постапка:

1.На чисто лице нанесете од хидратантната крема за лице.

2.Со прстите рамномерно нанесете од кремата со заштитен фактор и почекајте добро да се впие.

3.Коректорот ставете го на прстите и со тапкање нанесете го на делот кај подчниците, од коренот на носот, на целите капаци се до веѓите.

4.Според обликот на вашите очи, нанесете водоотпорен туш така што ќе ја истакнете нивната форма на најубав начин.

5.Ставете маскара на горните и долни трепки.

6.Со голема четка полека нанесете го бронзерот на челото и образите, а потоа нежно поминете преку брадата и носот.

7.На јаболчниците нанеси малку руменило во боја праска или роза.

8.На усните ставете кармин, балсам или сјај во омилената боја.

Предупредување
Се освен маскарата нанесте го во лесен слој и добро размачкајте.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...