Monday, 09 July 2012 20:28 Здравје

Гвинет Палтроу е најдобар готвач меѓу актерите, таа неодамна откри дека понекогаш ужива во алкохолните пијалаци...

По напорните работни и домашни обврски Оскаровката сака да се опушти со чашка од нејзиниот омилен коктел, кој содржи здрави и необични состојки, а краставицата е неизоставна. Можеби ќе ви звучи чудно бидејќи зеленчукот не се употребува често во коктелите.

Гвинет ги нагласува витаминските својства и големиот процент на вода со која изобилува овој вид на храна. Чилито е уште една многу посебна состојка која е одлична за здравјето на кардиоваскуларниот систем и го подобрува варењето на храната. Затоа без грижа на совеста можете да уживате во овој необичен коктел.

Состојки:

5-6 тенко исечени парчиња краставица

2 дл текила

Сода или минерална вода 

Лажица чили во прав

Сол и бибер

Подготовка:

Текилата истурете ја во чаши и додадете по малку сода во секоја. Ставете неколку коцки мраз и наредете ги парчињата краставица. Измешајте ги солта, биберот и чилито, па посипете по работ на чашата. Со секоја голтка каснете и парче краставица за да се освежите. На здравје!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...