ВИЦ

Си била некоја плавуша и имала ќерка, исто така плавyша. За петтиот роденден на ќерката, плавушата и купила една кукла. И ќерка и почнала да си игра со неа. Па по некое време ја прашала мајка си:
- Мамо, мамо! Како се вика? Мамино мое или мамето твое?

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 04 July 2012 07:50 Здравје

Срцето е големо од прилика како дланка, но секојдневно до сите делови на телото праќа најмалку 9.500 литри крв. Ова предизвикува од прилика еднаков напор како на секои 24 часа да се крева тежина од еден тон на висина од десетина метри. Па поради тоа, зарем не заслужува оваа чудесна пумпа намирници кои и одговараат? Видете каква исхрана му годи на срцето...

1.Помалку калори
Имајќи во предвид дека зголемениот бројот на калории е еден од примарните фактори за ризик од развој на болести на срцето, треба да знаете дека бројот на внесените калории во организмот е доста важен.

2.Јадете исхрана богата со влакна
Исхраната богата со влакна ќе ви помогне да ја контролирате тежината, а може да ви помогне и во одржување на здраво ниво на холестеролот. 25 грама влакна дневно е минимум што се препорачува. Во идеален случај, тоа е 35 до 40 грама влакна дневно.

3.Јадете многу овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот содржат влакна, а богати се и со антиоксиданси кои помогаат во заштитата на срцето. Јадете најмалку пет оброка со разновидно овошје и ќе добиете 100% од препорачаната доза на витамини А, Ц, К.

4.Здрави масти
Прифатлива храна за срцето не е онаа без масти. Всушност, исхраната богата со незаситени масни киселини може да помогне во намалување на холестеролот, крвниот притисок и други ризични фактори. Таквите масти ги има во маслиновото масло, авокадото и јаткастите плодови, како бадемите.

5.Внимавајте на натриумот
Исхраната богата со натриум може да доведе до висок крвен притисок. Затоа ограничете го внесот на натриумот на 2.300 мг дневно. Кај оние со висок крвен притисок се препорачува 1.500 мг дневно.

6.Ограничете го внесот на слатки и рафинирани јаглехидрати
Намирниците кои се богати со шеќер и рафинирани јаглехидрати можат да предизивикат нагло покачување на шеќерот во крвта и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и дијабетис. Наместо во слатки уживајте во свежо овошје.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...