ТОП ВИДЕО |
Friday, 14 August 2009 14:38
Здравје
Што ни е навистина потребно да го симнеме вишокот на килограми...?
Околу вежбањето постојат низа заблуди кои нѐ одалечуват од посакуваните резултати. Најдобро решение за масните наслаги е трчањето, дигањето на тежина со нозе исчезнува целулитот на задникот, а работата со кревање нѐ претвара во мускулести - сите овие наведени работи се неточни. Многу веруваат дека трчањето е најдобро за постигање на саканиот изглед. Трчањето ќе овозможи симнување на килограми, но доколку зборуваме за топење на масти, задржување на мускулната маса, само трчање не е решение. Најдобро решение за одличен изглед е тренинг со напрегање кој на телото ќе му даде став, односно зацврстување на мускулите, и задржување на мускулната маса. Масните наслаги на стомакот и целулитот се два големи проблеми кои ги мачат огромен број на жени. Формулата за успех е следната : потребно е да се пази на исхраната, да се тренира и да се даде време на телото тоа да го реши. Да ја постигнеме саканата тежина и изгледот треба да почнеме со вежбање и најважно од се да бидеме одлучни, без исклучоци. Секој ден треба да започнеме со будење на организмот. Одвојте 15 минути на ден за размрдување, вежбите со истенување, неколку серии стомачни и склекови ќе ви го започнат денот на најдобар можен начин. Важно е да се регулира исхраната. Храната е 80% од целата приказна. Доколку човек јаде добро, а не тренира, ќе изгледа добро. Ако човек тренира добро, а лошо јаде, ќе изгледа лошо. Правилната исхрана подразбира конзумирање многу протеини, повеќе оброка дневно, овошје и зеленчук, течности. Но без вежбање на телото нема резултати. Враќањето од годишен одмор е идеално време да започнете со тренинг. Полни со желба и позитивна енергија, полесно ќе ги постигнете резултатите, кои ќе ви обезбедат помалку стрес и поздрав начин на живот. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|