Tuesday, 26 June 2012 13:45 Здравје

Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот живот - натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато. Тука се и алгите кои изобилуваат со минерални соединенија...

1.Морската вода содржи животно важни елементи
Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот живот - натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато. Содржи алги за кои оддамна се смета дека се извор на здравје и убавина. Ги обновуваат клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го јакнат имунитето, спречуваат воспаление, помагаат за ослободување од целулитот.

2.Морето позитивно влијае врз астма и алергии

National Pediatric Hospital со години наназад користи купки со морска сол за лечење и ублажување на кожните алергиски реакции. Чистиот морски воздух, заситен со јони, го олеснува дишењето и поволно делува на лицата кои боледуваат од астма.

3.Со сончање телото се збогатува со витамин D
Сончањето не само што дава убав тен туку и не обезбедува со витамин D кој му е доста потребен на нашиот организам. За да добиете витамин D, не мора да се сончате на најголемите горештини, тоа може да го правите предпладне или подоцна во попладневните часови, при тоа обрнете внимание на кремите за сончање.

4.Престојот на море ослободува од стрес
Што друго има такво дејство за опуштање како сонцето, нежниот ветер и шумот на брановите? Стресот е еден од најголемите непријатели на човекот, затоа искористете го одмор за да се ослободите токму од него.

5.Морето е идеално за спортски активности

Пливање, сурфање, аеробик во вода, одбојка на плажа... Летувањето на море е идеално за спортските активности кои се добри не само за обликување на телото, туку и за целокупното здравје.

6.Морскиот воздух е богат со негативни јони
Морскиот воздух е богат со негативни јони и озон кој го потикнува длабокото дишење. Такавиот воздух може да го најдеме во шума, на планина, близу водопад, река, океан и море.

7.Морето го намалува артритисот и болките во грбот
Благодарение на својот состав морската вода ја намалува болката и воспалението, опушта и го поттикнува ослободувањето на штетните материи од организмот. Затоа капањето во море им носи олеснување на лицата кои патат од реума, артритис, болки во грбот и мускулите.

8.Морската вода го потикнува чистењето на организмот
Капењето во морска вода ги потикнува фнкциите на органите кои филтрираат и ги излачуваат штетните материи од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата.

9.Морето лечни кожни проблеми

Морската сол е необично богата со разни состојки. Поради тоа благотворно дејствува на кожата и помага кај бројни кожни тегоби како дерматитис, псоријаза и егзема.

10.Морето ги потикнува кретивноста и чувствата
Морето и општо елементот на вода одсекогаш биле поврзувани со креативноста и чувствата. Престојот во близина на вода може да ја потикне нашата интуиција, емоции, фантазија и креативност.

11.Морето позитивно делува на здравјето на очите
Сината боја и гледањето во далечина поволно влијаат на нашите очи. Ако многу време минувате пред компјутер, летувањето на море ќе ви помогне да се одморите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...