Tuesday, 26 June 2012 09:36 Здравје

Процентот на заболени од рак на кожата секоја година се зголемува, па затоа важно е да ја подготвите кожата пред самото изложување на сонце. Заштитните фактори, очилата за сонце и забраната за сончање меѓу 12 и 16 часот навистина мора да ги почитувате, а ние ви претставуваме и некои работи кои ќе ви помогнат да ја подготвите својата кожа за сонце пред одење на плажа...

1.Домати
Доматите пружат извонредна заштита од УВ зраците, што помага во спречувањето на настанување на изгореници, предупредуваат научниците. Доматите задолжително внесете ги во своето мени во текот на летото, а добро е ако ги јадете за доручек, со сендвич или јајаца и кравјо сирење, за од утро да ја заштитиш својата кожа од штетните сончеви зраци.

2.Заборавете го митот за солариум како подготовка за сонцето
Многу сметаат дека тенот кој го постигнале со солариум ќе им обезбеди заштита од изгореници, но стручњаците велат дека тоа е голема лага. Научниците тврдат дека нема никаков доказ дека "лажниот тен" ќе го спречи поцрвенувањето на кожата па затоа задолжително земете си крема со висок заштитен фактор.

3.Купувајте нова крема на секои 18 месеци

Како и сите останати козметички производи, и кремите за сончање имаат свој век на траење па немојте да заборавите да купите нова крема на секои 18 месеци. Освен што старата крема ги губи своите заштитни својства, може да предизвика и незгодни алергиски реакции на кожата.

4.Многу течности
На плажа е лесно да дехидрирате па секак земете во предвид дека препорачаните 8 чаши вода нема да бидат доволни, особено ако сакате да го поминете цел ден на плажа. Дехидрираноста води до сува кожа која е склона на оштетување, но и чувство на мачнина и вртоглавица, па затоа задолжително понесете шише со ладен чај или вода на плажа. Не заборавајте да пиете барем по неколку голтки на секои десетина минути.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...