Thursday, 21 June 2012 13:43 Здравје

Неподносливата жештина влијае на нашиот изглед па така само неколку минути откако ќе излеземe од дома изгледаме како да сме се потиле со часови во теретана. Мрсната Т-зона и растопената маскара на никого не му изгледаат привлечно па ви прикажуваме листа од 5 работи кое можат да те "спасат" во текот на летото...

1.Марамчиња за апсорбирање на мастите
Овие марамчиња доаѓаат во слатки мали пакувања, а можат да се најдат во речиси секоја дрогерија или парфимерија. Генијалните марамчиња многу добро ќе ги впијат маснотиите од твоето лице и ќе го направат убаво и мат во неколку секунди. П.С. Ваквите марамчиња можеш да ги користиш и кога немаш време да ја измиеш косата, а сакаш да се ослободиш од маснотијата на коренот.

2.Термална вода во спреј
Носењето шише со вода во спреј е одлична идеја затоа што, освен што ќе те разлади и ќе ти ја даде потребната свежина, ова течност ќе ја врати влажноста на твоето лице дехидрирано од сонцето и сувиот воздух. Може да ја купиш или да ставиш обична вода во шише со распрскувач.

3.Бронзер
Бронзерот е едно од најдобрите решенија за постигнување на потемнет тен и мат изглед на лицето. Важно е само да внимавате да не биде премногу темен и да не го ставите во предебел слој.

4.Водоотпорен молив
Ако сакаш да користиш молив за очи, а во летните денови поради него секогаш изгледаш несредно, одлучи се за водоорпорна варијанта. Нема да се растопи ниту да се размачка, па така во текот на целиот ден ќе изгледаш беспрекорно.

5.Лабело за усни со заштитен фактор
За да бидат убави и негувани, усните треба да бидат заштитени од влијанието на сонцето па ви препорачуваме за летниот период во себе секогаш да имате лабело со заштитен фактор.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...