Saturday, 09 June 2012 13:35 Здравје

Mаскарата е една од најдобрите пријателки на секоја девојка затоа што помага да го истакнеме она најважното на нашето лице - нашите очи. Добрата маскара злато вреди, па поради тоа е важно да се пронајде онаа вистинската и да се почитуваат основните правила кои се однесуваат на овој козметички производ...

1.Немој да штедиш на маскара
За добра маскара се исплати да се извдојат пари. Квалитетната маскара содржи квалитетна четка и текстура па така на твоите трепки им дава волумен, должина и извиткан ефект, а при тоа нема да се размачкува или да се згрутчи. Не велиме дека за маскара треба да издвоите голема сума на пари, но секако стави ја на списокот на работи кои не ги купуваш по најниска цена.

2.Купи маскара која одговара на твоите трепки
Тоа што на твојата пријателка која има подолги и рамни трепки една маскара и е совршена, не значи дека ќе биде еднакво добра и за тебе. Маскарата треба да ја купуваш исклучиво според ефектот кој сакаш да го постигнеш.

3.Немој да ги заборавиш долните трепки
Иако многу девојки не ги шминкаат долните трепки, шминкерите предупредуваат дека нивното исцртување е многу поубаво и понежно од исцртувањето на окото со црно моливче. Намачканите трепки на долниот капак убаво ќе го отворат твоето око и ќе му дадат свеж излгед.

4.Чувај ја својата маскара
Со неуредната маскара доаѓа и ризикот од разни воспаленија па внимавај секогаш да биде добро затворена и да ја држиш на чисто и суво место.

5.Смеѓата боја одговара на секого
Многу девојки ја избегнуваат смеѓата маскара, но таа често дава нежен изглед кој исто така може да делува гламурозно и секси. Исто така, смеѓата маскара делува помалку агресивно, па така и целото лице изгледа помладо.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...