Saturday, 26 May 2012 08:04 Здравје

Иако големината на порцијата со храна која ја конзумирате е многу важна за одржување на телесната тежина постојат намирници кои можете да ги конзумирате во неограничени количини. Не зборуваме за зелена салата без сол и оцет туку за вкусни залаци кои можете да ги грицкате колку сакате...

Пуканки
Верувале или не пуканките се едни од најздравите и најмалку калорични грицки кои постојат. Не зборуваме за оние пуканки со вкус на путер или сирење туку за класична пченка која можете сами да ја подготвите во тенџере со капка масло и сол. Пуканките имаат минимално калории и содржат влакна кои се добри за варењето. Ако сакате да ги зачините овие друштвени грицки дојдате малку пипер во прав, чили или бибер.

Кисели краставички
Речиси и не постои некој кој не сака кисели краставички, посебно оние домашните. Тегла кисели краставички има само 16 калории, па поради тоа ова е намирница кој можете да ја користите со било каква диета и со било кој оброк во текот на денот.

Carpaccio од тиква
Ако сеуште не сте, пробајте carpaccio од тиква затоа што станува збор за намирница која секој може да си ја дозволи и тоа во неограничени количини. Тиквата насечете ја на многу тенки парчиња и ставете ја во лимонов сок да одстои некое време. После тоа додајте малку маслиново масло, сол и бибер. Тајната се крие во лимоновиот сок кој ја топи маснотијата, а самиот оброк има многу малку калории.

Чипс од кељ
Исчистете ги лисјата од кељот и насечете ги на мали прачиња. Посолете ги, премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете ги во сад за печење и печете околу 10 минути односно додека рабовите не пожолтат и самите лисја не станат суви. Овој здрав чипс е многу вкусен и може да го јадете во било кој период од денот.

Артичоки од конзерва
Артичоките се многу силен антиоксиданс и многу вкусен производ, а уште и ако се подготвени се уште послатки. Можете да ги јадете со било кој оброк, а ако ги користите поединечно знајте дека на тој начин во орагнизмот внесувате незначителен број на калории, а при тоа ќе се заситите и ќе уживате во богатиот вкус.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...