Friday, 18 May 2012 10:24 Здравје

Уживајте во овошните плодови!


Антиоксидансите се група природни состојки кои го заштитуваат нашиот организам од штетното делување на слободните радикали. Постојат два главни извори на антиоксиданси, нашиот организам и храната што ја јадеме. 

Кога нашето тело е снабдено со антиоксиданси, подготвено е полесно да им се спротивстави на разните болести и бактерии кои го нападнале. Најдобар извор на овие волшебни состојки е свежото овошје, кое не само што е вкусно, туку е и идеално за нашата убавина, здравје и витко тело. 

Еве листа на овошје кое мора да го вклучите во вашата исхрана:

Суви сливи
Сувите сливи се идеални во борбата против високиот холестерол, ги зајакнуваат коските и се корисни кога станува збор за дигестивниот систем. Ако често ги јадете, вашите црева ќе ви бидат благодарни.

Суво грозје
Сувото грозје е совршена ужина: една чаша суво грозје по калории е еднаква на осум чаши свежо грозје. Помага во одржување на здравјето на забите и очите.

Боровинки
Боровинкитe се одлични за дигестивниот систем, полни се со антиоксиданси и го намалуваат ризикот од разни болести.

Капини
Во капините се кријат многу вредни состојки, вклучувајќи го и специфичниот антиоксиданс елагитанин, кој го нема во речиси ниту еден друг продукт, а одличен е во борбата против ракот на дојка.

Јагоди
Јагодите содржат многу малку калории, го намалуваат крвниот притисок и се полни со антиоксиданси. Јагодите, исто така се сметаат за природна вијагра бидејќи делуваат како афродизијак.

Грејпфрут
Познато е дека грејпфрутот помага при губење на телесната тежина, го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на маснотиите. Овој цитрус може да го јадете без страв дека ќе акумулирате калории.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...