Monday, 14 May 2012 23:34 Здравје

Постојат многу оправдувања за вишокoт килограми, а новото научно истражување на многумина ќе им даде совршено алиби. Имено, дебелеењето може да биде предизвикано од нерамнотежата меѓу нашиот биолошки часовник и распоредот кој го поставува пред нас работната недела...


Ако ве буди аларм, вие се будите под присила, а тоа „го збунува” природниот часовник на организмот, го пореметува чувството на глад и води кон дебелеење.

Слушајте го својот биолошки часовник

Научникот Тил Роенеберг ја истражувал важноста на биолошкиот часовник и конфликтот кој настанува кога на тој биолошки часовник му го наметнуваме дневниот распоред на модерното општество.

“Ние сме биолошки суштества, имаме свој биолошки часовник, а општеството не тера да го игнорираме тој часовник. Мислиме дека можеме совршено да функционираме според општествено утврдениот дневен распоред”, појаснува Роенеберг.

Истражувањето на Роенеберг довело до заклучок дека многу луѓе страдаат од неурамнотежениот распоред, што е предизвикано од фактот што секоја личност има свој биолошки часовник кој би требало да го слуша. Многу луѓе имаат внатрешен часовник кој се коси со распоредот кој го наметнува модерното општество и имаат проблем со будењето наутро. Таквите луѓе, кои подобро функционираат попладне и навечер, наутро немаат доволно енергија и тешко се будат, нивниот внатрешен часовник се противи на таквиот распоред, а телото реагира така што лесно се дебелее.

Исцрпеноста предизвикува пречеста глад

Спроведено е истражување врз група од дури 65.000 луѓе, исцрпеноста која ја проживуваат лицата кои се поактивни во доцните часови Роенеберг ја нарекува „социјален џетлег“ (social jetlag), алудирајќи на тоа дека таа состојба е слична на заморот што се јавува по долгото патување со авион (привикнување на друга временска зона и пореметен ритам на спиење).

Имено, ритамот на спиење е тесно поврзан со чувството на глад, а ненаспаноста значи почеста и посилна глад. Токму поради тоа, лицата кои на сила се будат поради работа, работат против својот биолошки часовник и секој работен ден го поминуваат во состојба на исцрпеност која предизвикува пречеста глад, што води кон дебелеење.

Роенеберг се залага за промени во распоредот на работната недела. Работодавците треба да бидат флексибилни и на вработените да им дадат поголема слобода и сами да избираат кога ќе им почнува работниот ден, па така да го ускладат работниот распоред со својот биолошки часовник.

Тој верува дека на тој начин ќе се унапреди здравјето на многу луѓе, а со тоа и нивната продуктивност на работното место.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...