Tuesday, 08 May 2012 10:26 Здравје

Иако модата ги диктира трендовите за убавина и секоја жена има свои посебни ритуали, ви претставуваме десет трикови кои никогаш не умираат и кои ја палат секоја жена а воедно со нив никогаш нема да излезе од мода...

1) Кога ќе нанесете кармин, исцртајте ги рабовите на усните со моливче. Тоа ќе биде доволно за да ги нагласите и да добиете чувство дека се поголеми.

2) Додатен волумен на косата ќе постигнете ако кога ја сушите ја наведнете главата надолу. Косата ќе биде поубава и побујна.

3) Заштитете ја својата кожа од УВ зраците затоа што тие се нејзин најголем непријател  и го предизвикуваат предвременото стареење.

4) Јогуртот е многу корисна намирница затоа што освен што добро влијае на вашиот организам, содржи и протеини кои се многу корисни за вашата коса. Направете сами маска за коса од јогурт.

5) Туширајте се со млака вода, а во летниот период со што поладна затоа што тоа е добро за кожата, после туширање е оптегната и цврста.

6) Ако сакате да постигнете ефект на поголеми очи, задолжително набавете моливче со боја на песок и нанесете го под окото во тенка линија, тоа очите ги прави визуелно поголеми.

7) Своите веѓи можете да ги доведете во ред многу лесно. Ако се непослушни и тешко ги обликувате, не морате баш сите да ги искубате. Трикот лежи во лакот за коса. Нанесете малку на прстот и поминете низ веѓите. На тој начин ќе изгледаат негувано и ќе бидат фиксирани во текот на целиот ден.

8) Ако после нанесување на кармин ги притиснете усните на марамче или хартија за отстанување на шминка, подолго ќе се задржи на вашите усни.

9) За сенката да не ви се собере на капакот од окото, пред нанесување задолжително нанесете база. Не плашете се дали ќе ставите повеќе, бојата ќе биде постојана и ќе дојде до израз.

10) Користете бронзер во комбинација со руменило затоа што на тој начин вашето лице ќе биде поизразено.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...