Saturday, 05 May 2012 13:47 Здравје

Поради уникатниот изглед и специфичениот вкус мангостинот често е нарекуван "кралица на тропското овошје". Формата на мангостинот е тркалезна и покриена со тврда, темно-виолетова кора...

Под него се наоѓа бела или кремасто полу мека срцевина која е поделена на неколку дела. Вкусот на плодот е сладок и маслен.

Без оглед на блиското име, мангостин нема родова врска со мангото. Се одгледува главно во Тајланд, Филипините, Индонезија и Малезија.

Во составот на егзотичниот плод влегуваат основните хранливи материи кои се потребни за нормален раст и развој на организмот, за одржување на здравјето и благосостојбата.

Мангостинот е богат со хранливи влакна и има ниска содржина на калории, заситени масти и холестерол, што го прави корисно овошје за кардиоваскуларниот систем, како и при почитувањето на режимот, кој има за цел намалување на вишокот килограми.

Мангостинот е добар извор и на витамин Ц, кој помага за одржување на имунитетот и го штити организмот од развој на различни инфекции. Кога добиваме постојан прием на витамин Ц преку исхраната, ризикот од настинка и болести се намалува, покажуваат студиите.

Витаминот Ц учествува и во обновувачките процеси, во отстранувањето на токсични материи од организмот, во создавањето и реконструкција на ткивата.

Мангостинот е извор на витамини од Б-комплексот, како тиамин, ниацин и фолати. Витамините учествуваат во размената на јаглехидрати, протеини и масти.

Егзотичниот плод содржи и минерали, како калиум, манган и магнезиум. Калиумот придонесува за одржување на електролитниот и киселиот баланс во организмот. Штити од истенчување на коските, така што ја намалува загубата на калциум преку урината. Зголеменото излачување на калциум се должи на конзумирање на храна со висока содржина на сол.

Се смета дека калајот игра улога во превенција на болести, како атеросклероза, катаракта, шеќерна болест, хепатитис, висок крвен притисок, инфламаторно заболување на цревата, остеопороза и др.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...