Saturday, 05 May 2012 08:39 Здравје

Новото истражување објавено од австралискот психологот Марика Тигман, на читателите им обезбедува доста храна за мислите, бидејќи темата е за одбивноста на многу жени кон шопингот на костим за капење за летната сезона...

Тигман и нејзините колеги замолиле 102 млади жени да си претстават четири имагинарни сценарија: дека пробуваат костим за капење во соблекувала од некоја продавница, дека се шетаат по плажа во костим за капење, дека пробуваат фармерки во соблекувала и дека шетаат со фармерки на плажа.

Потоа, жените пополниле прашалник за расположението и емоциите кои ги предизвикува мислата за нивните тела, како и за загриженоста од евентуален срам од својата надворешност.

Очекувано, фармерките не предизвикаа толку стрес колку костимот за капење. Поинтересно е дека жените биле помалку под стрес од помислата дека се шетаат по костими на плажа, отколку од мислата дека пробуваат костим за капење во продавница.

Наодите биле дека прво - жените се многу самокритични кон себе, и второ - дека пробите на облека во продавниците треба да се избегнуваат.

"Пробата во продавницата содржи неколку потенцијално стресни елементи - многу огледала, силно осветлување, како и потребата која жените ја имаат таму, да даваат критики за своите тела, за тоа како им стои облеката и како изгледаат во оваа ситуација", се вели во извештајот.

Тигман ги советува жените да избегнуваат да се споредуваат со други, како и да пробуваат костими за капење во соблекувалните на продавниците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...