ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 02 May 2012 09:15
Здравје
Возењето ролери е забавен и евтин начин на опуштање и исклучително здрава физичка активност која им се препорачува на луѓето од сите возрасти... Дружење Ролањето е рекреативен спорт кој е идеален за дружење. Скоро секој член од семејството може да вози ролери, од децата до бабите и дедовците, а идеален избор е и за состанок на отворено. Дава можност за разговор и склопување нови пријателства, а физичката активност помага во ослободување на ендорфин, кој го подобрува расположението. Возењето ролери го буди и натпреварувачкиот дух.
Го намалува стресот За оние кои сакаат самостојни активности ова е совршен начин да бидат сами со себе и своите мисли. Возењето ролери ги смирува мислите, го намалува насобраниот стрес и ја ублажува депресијата.
Аеробен тренинг Редовната физичка активност помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а го намалува крвниот притисок и холестеролот. Ролањето пружа одличен аеробен тренинг, но за разлика од трчањето не создава притисок на зглобовите, лигаментите и тетивите. Ако сакате да го зголемите интензитетот на вежбање - ролајте побрзо, користете ги рацете или ролајте по угорници.
Ги зајакнува мускулите Исто како што пружа одличен аеробен (кардио) тренинг, ролањето помага и во зајакнување и обликување на мускулите. Ги развива мускулите во долниот дел од телото, ги зајакнува квадрицепсите, бутовите, задникот, како и мускулите на листовите и долниот дел на нозете. Мускулите на стомакот и грбот му помагаат на телото при одржувањето рамнотежа, а со тоа и тие учествуваат во вежбањето. Ја подобрува рамнотежата Возењето ролери ги подобрува рамнотежата, флексибилноста и координација, но не создава притисок на зглобовите и колената како трчањето. На почетницитe им се препорачува кога ролаат телото да го држат исправено, а понапредните да се наведнат нанапред.
Согорува калории Возењето ролери е идеален начин за согорување калории. За еден час се согоруваат од 700 до 900 калории, во зависност од полот, телесната тежина, интензитетот и брзината. Повеќе калории се согоруваат при возење ролери со поголема брзина.
Евтино и еколошко превозно средство За оние кои поминуваат многу време во автомобил и многу седат, а во слободното време малку се занимаваат со физички активности, возењето ролери е одлична вежба. Иако и одењето е здраво, возењето ролери е уште подобро бидејќи можете да го користите како превозно средство, а притоа нема да ја загадувате животната средина. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|