Thursday, 26 April 2012 14:58 Здравје

Секоја жена сака да ја задржи убавината што е можно подолго, а еден од најголемите видливи знаци за напредување на возраста се брчките на кожата...

Еве неколку начини, кои ќе ви помогнат максимално да ја одложите нивната појава и уште долги години да му се радувате на убавото и мазно лице.

Да спиете доволно

Нема зошто да се изненадите дека сонот е еден од важните услови за здравјето на кожата. Кога не сме наспиени, телото почнува да произведува хормони кои ги уништуваат клетките на кожата.

Доволното количество сон и одмор го тераат организмот да произведува хормон за раст кој се одразува позитивно на кожата. Исто така важно е да не спиете во иста поза цела ноќ.

Кога спиете во една положба вечер по вечер, на кожата се создаваат брчки и линии, кои не исчезнуваат лесно. Спиењето на една страна го зголемува ризикот од појава на брчки на образите.

Да не ги триете очите без потреба

Ако имате навика да ги  триете очите, за да читате или да видите нешто подобро, треба да се обидете да се откажете од тоа.

Движењата на лицето како последица на замижување на погледот исто така водат до формирање на брчки на кожата.
Поразумно е да одиме на преглед кај лекар.

Ако очилата не се прифатлив додаток за вас, можеби треба да размислите за пар контактни леќи, кои ќе ви го корегираат видот.

Хранете се добро

Подобро е во исхраната да вклучите повеќе храна богата со протеини - соја, риба, кревко месо и млечни производи.

Протеините се особено важни за обновувањето на кожата. Масните киселини ја хранат и ја одржуваат кожата здрава за подолг временски период.

Не е тајна дека рибата е одличен извор на протеини, а сојата влијае благотворно на целото тело.

Добро миете го лицето

Миењето е совршен начин да одржувате добра хигиена на вашето лице. Но треба да имате предвид дека премногу честото миење може да ја намали влажноста и природните маснотии на кожата, имено тие ја одржуваат здрава и мазна, а воедно и ја потхрануваат.

Затоа, кога го миете лицето, треба да се осигурате дека го навлажнуваме правилно. Влажната кожа секогаш изгледа подобро и ги прави брчките и ситните линии помалку забележливи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...