Отсекогаш сме знаеле дека смеењето е најдобриот лек...проверете зошто...
Истражувањата покажале дека децата се смеат околу 400 пати дневно, додека возрасните во просек тоа го прават околу 17 пати. Всушност, терапијата со смеење е голема работа и може да го подобри вашето здравје на многу различни начини.
1. Смеењето го зголемува вашиот имунитет
Истражувачите пронашле дека смеењето го зголемува имунитетот со зголемување на бројот на антителата кои продуцираат Т-клетки. На овој начин потешко ќе можете да добиете настинка и кашлица. Смеењето исто така го намалува нивото на најмалку 4 хормони кои се поврзуваат со стресот, па по добро кикотење би требало да бидете помалку напнати и анксиозни.
2. Смеењето ја смирува болката
Докажано е дека едно добро смеење ја редуцира болката. Не само што ве ослободува од болката туку и испушта и ендорфин кој придонесува да се чувствувате убаво и е многу помоќен од морфинот.
3. Смеењето го докажува вашиот социјален живот
Ако можете да насмеете повеќе луѓе, тогаш имате повеќе пријатли затоа што секој сака да има пријател шегаџија. Исто така и многу повеќе постигнувате на работа: ако имате добра смисла за хумор, ќе бидете многу повеќе продуктивни, покомуникативни и добар тимски играч.
4. Смеењето ја намалува депресијата
Смеењето долго време е познато како лек кој им помага на луѓето кои страдат од депресија. Ги намалува тензијата, стресот, анксиозноста и иритацијата кои се главните фактори кои водат до тешка депресија.
5. Смеењето влијае на вашата врска
Доколку барате нов партнер, смеењето ќе ви помогне во тоа. Мажите сакаат жени кои имаат смисла за хумор, а жените се смеат 125% повеќе од мажите. А доколку сте веќе во врска, смислата за хумор е важен фактор кој ќе ви помогне вашата врска да тече како што треба.
6. Смеењето како вежба
Често по добро смеење знаеме да кажеме дека страната не боли од долгото кикотење. Тоа не е изненадување. Добрата стомачна вежба со смеење ја контрактира дијафрагмата, доведува до контракции на абдоминалната мускулатура и работи на вашите рамења. Тоа може да ви помогне да се чувствувате многу релаксирано. Всушност, смеењето по 100 пати на ден е еднакво со 15 минути возење велосипед.
7. Смеењето го штити вашето срце
Смеењето влијае врз циркулацијата на крвта низ вашето тело и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека 15 минутно смеење е важно за срцето исто како да сте вежбале 30 минути 3 пати неделно.
8. Смеењето го намалува високиот крвен притисок
Луѓето кои често се смеат имаат понизок крвен притисок за разлика од просечниот човек. Кога луѓето се смеат, крвниот притисок најпрво се покачува, а потоа се спушта под нормалното ниво.
9. Смеењето го подобрува дишењето
Смеењето ги празни белите дробови и има прочистувачки ефекти. Ова посебно е важно за луѓето кои страдаат од заболувања на респираторниот систем, како што е астмата.
10 Смеењето помага во намалување на телесната тежина
Смеењето согорува калории и го забрзува метаболизмот. Доколку сте на диета, размислете да вметнете и доза на смеење во режмот на исхрана.