Saturday, 14 April 2012 14:46 Здравје

Новата студија која американските професионалци ја спровеле на глувчиња тврди дека кофеинот и вежбањето можат да го намалат ризикот за рак на кожата предизвикан од изложување на сонцето.

Доктор Јао Пинг Лу, вонреден професор за истражување во областа на хемиска биологија, неодамна го претстави своето откритие со зборовите дека „смета дека новите сознанија можат да се применат на луѓето и дека предвидува дека човештвото ќе има корист од тие комбинирани третмани“.

Лу и неговиоте колеги пронашле докази кои наведуваат на заклучок дека таложењето на масти и развојот на тумор се поврзани, како и дека вежбањето во комбинација со кофеин може не само да го спречи ракот на кожата, туку и процесите врзани за други видови рак кои се препишуваат на дебелоста.

Тие проучувале како кофеинот и вежбањето влијаат на глувчињата кои се одгледувани со висок ризик од рак на кожата.

Претходните студии покажале дека глувчињата на кои им е или дозволено да конзумираат кофеин или да вежбаат на тркало за вежбање имале помал број на случаи на рак на кожата.

Истражувачите глувчињата ги изложиле на ултравиолетово зрачење, компонента на сончевата светлина која предизвикува рак на кожата, а потоа ги поделиле во четири групи. Едната група глувчиња имала обична вода и немала тркало за вежбање (контролна група), другата група имала вода помешана со кофеин и немала тркало за вежбање, третата имала обична вода и тркало за вежбање, а четвртата вода помешана со кофеин и тркало за вежбање.

По 14 недели третман, истражувачите утврдиле дека бројот на немеланомни тумори во групата со кофеин и вежбање е помала за 62% во однос на контролната група.

Поголемиот број од овие тумори исто така се намалени за 85% во однос на оние кај контролната група. Резултатите покажале дека и кофеинот и вежбањето подеднакво имаат позитивен ефект, но во помала мерка отколку кога кофеинот и вежбањето се комбинираат.

Во споредба со контролната група (без кофеин и вежбање), дошло до 27% помалку активности на туморот и намалување на туморот за 61% во групата со кофеин без вежбање, а до 35% помалку активност на туморот и намалување на големината на туморот од 70% кај групата со вежбање без кофеин.

Во наредната фаза на експериментот, истражувачите ги хранеле глувчињата со храна богата со омега-6 масни киселини и го следиле ефектот на кофеинот без вежбање.

Истражувачите при тоа утврдиле дека кај групата со кофеин и вежбање дошло до големо намалување на мастите и преку 90% помало ниво на маркерот за ризични процеси, а развојот и големината на туморот исто така се намалени.

Истражувачите тврдат дека постои врска меѓу мастите, ризичните процеси и ракот - масното ткиво лачи соединенија кои доведуваат до ризични процеси, така што помалку масти подразбира и помалку ризични процеси.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...