Wednesday, 11 April 2012 12:23 Здравје

Жените низ целиот свет користат традиционални трикови за убавина кои им помагаат да го одржуваат својот изглед. Хрватките обично користат маслиново масло и мед, но понекогаш е добро да се позајмуваат трикови за убавина и од жените од другите земји. Ние ги претставуваме најинтересните и најпрактичните совети за убавина од целиот свет...

Бразилски антицелулитен третман

Бразилките своите бедра ги тријат со песок, а потоа се мијат со морската вода. Покрај тоа што ова е одлична анти-целулитна терапија, исто така е и одличен пилинг за целото тело.

Норвешка нега на лицето

Жените од север се познати по својата неверојатна кожа. Норвежанките ги мијат своите лица со ладна минерална вода, за која велат дека совршено ја хидратизира кожата.

Италијански рецепт за меки усни


Прекрасните италијанки на своите усни стават маслиново масло, што е одлично против сувост и иритација. Само неколку капки е доволно да се намачка и усните ќе бидат нахранети и нежни.

Кинески третман против стареење

Жените во Кина својата младост ја одржуваат одвнатре, со пиење големи количини на бел чај кој влијае позитивно на стареењето а воедно и дава блескав изглед на кожата.

Индиска тајна за убава коса

Индиските жени се познати по својата квалитетна и густа коса. Нивниот рецепт за одржување на убава коса е кокосово масло, кое се загрева еднаш неделно, и се нанесува на скалпот па се остава да дејствува преку ноќ.

Шпански рецепт против темните подочници

Жените во Шпанија на своите уморни очи им ставаат тенко насечени кружни парчиња домати. Доматот ја осветлува кожата, со што ги елиминира темни кругови.

Јапонска тајна за убавина

Јапонките нивната убава кожа, совршена коса и силни нокти му ги должат на уљето од камелија. Тоа делува против брчки, изгореници, ја храни косата и ги зајакнува ноктите.

Австралиски рецепт против првут


Старите рецепти во Австралија советуваат во анти-првут шампонот што го користите да додадете малку масло од чајно дрво или еукалиптус. Доволни се само неколку капки да се ослободите од првутот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...