Wednesday, 11 April 2012 08:15 Здравје

Антицелулитните креми содржат некои сосема обични намирници од кујнското шкафче како кафе, но и некои растенија кои до неодамна беа карактеристични само за егсотичните краеви. Без разлика на тоа колку тие мора да патуваат, козметичката индустрија во своите производи ги вметнала најефикасните уништувачи кои ќе ни помигнат "портокаловата кора" да ја претвориме во "мазна праска"...

Кофеин
Кофеинот е одамна познат како термогена супстанција. Го потикнува согорувањето на мастите и го зголемува ослободувањето на масни киселини, а воедно го подобрува и протокот на крв. На овој начин ја носи крвта до проблематичните области и ја потикнува циркулацијата на местата каде поради неподвижност се создава целулитот.

Гуарана
Едено од најстимулативните растенија поради високата вредност на кофеин што ја содржи во себе, кој го нарекувале гуаранин кофеин. Ја подобрува микроциркулацијата и лимфниот проток на капиларите, ефикасно го отстранува вишокот материи од телото и ги раствора маснотиите.

Див костен
Костенот ја помага циркулацијата, ги зајакнува вените и капиларите, а гелот со ментол има ефект на ладење кој ја подобрува циркулацијата и ја затегнува кожата. Екстрактот од костеново семе ја стимулира кожата за подобро снабдување со кислород и хранливи материи. Регенеративно делува на кожата и ја спречува деградацијата на хијалуронската киселина, која е важна за влажноста и свежината на кожата.

Ретинол
Ретинол или витамин А е задолжителна компонента на кремите против брчки. Продира длабоко во кожата за да ги елиминира слободните радикали, ја затегнува кожата и ја подобрува циркулацијата. Кремите кои содржат ретинол, се препорачува да се нанесуваат пред спиење, односно да го направите да биде дел од вашата ноќна нега на телото.

Алги
Благодарение на антиоксидансните соединенија кои го спречуваат стареењето и ја штитат кожата од слободните радикали, алгите претставуваат револуционерен чекор напред во нега на кожата и телото. Ја олеснуваат подкожната прокрвареност, помагаат при варење на мастите, како и секреција на акумулираните води во ткивата.

Волчји трн
Етеричното масло волчји трн изобилува со витамините F, А, C и D и со својата природна композиција директно го поттикнува зацврстувањето, обновата и растот на колаген во нееластичната и опуштена кожа.

Бршлен
Се корисити за намалување на маснотиите во телото, но неговата основна карактеристика е диуретик својството. Ја стимулира микро - циркулацијата помеѓу целулитното ткиво, која што изнесува  речиси нула.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...