ВИЦ
- Ало, изгубено-најдено? ТОП ВИДЕО |
Sunday, 08 April 2012 09:53
Здравје
Кога мажите се во прашање, суетата понекогаш е опасна по здравјето. Загриженоста поради впечатокот кој се остава може да предизвика сериозен стрес, напнатост, проблеми со срцето, а во потешки случаи и депресија. Мажите кои пукаат од самодоверба понекогаш всушност се толку натоварени со грижи што нивното здравје е сериозно загрозено, покажало истражување спроведено неодамна во Америка. „Нарцисоидните мажи понекогаш поради својата суета и егоизмот кој ја следи истата, плаќаат висока цена“, вели д-р Сара Конрад од универзитетот во Мичиген. Научниците проучувале како суетата и полот на испитаниците влијае на лачењето на кортизолот, хормонот на стресот. Во истражувањето учествувале 106 студенти од двата пола. Испитаниците биле подложени на различни тестови на личноста, а под различни околности им е мерено нивото на кортизол во организмот. Излегло дека мажите чии одговори укажувале на многу изразено ниво на нарцисоизам и суета имале зголемено ниво на кортизол дури и кога биле целосно опуштени, додека кај жените тоа не било случај. Авторите на студијата велат дека причините за таквата разлика меѓу половите се нејасни, но дека веројатно во коренот на целиот притисок е да се исполнат традиционалните претстави, според кои од мажите се очекува да бидат силни и доминантни во секоја ситуација. „Иако таквите личности обично имаат високо мислење за себе, често се многу чувствителни, па прибегнуваат кон дефанзивни стратегии како што е агресијата, посебно во случаи кога е загрозено нивното чувство на супериорност“, вели коавторот на студијата д-р Дејвид Рајнхард. „Таа тактика, како одговор на организмот на стрес, предизвикуваат зголемена реакција на кардиоваскуларниот систем. Како последица може да се јави висок притисок, а долгорочно и сериозни проблеми со срцето.“ Мала доза на самобендисаност и здрав степен на самодоверба се позитивни, но ако земаат замав можат сериозно да го загрозат здравјето на поединецот, порачуваат лекарите. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|