Tuesday, 03 April 2012 15:57 Здравје

Мислевте дека чоколадото, чипсот и газираните пијалоци се ваши најголеми непријатели во симнувањето на килограми? Еве уште неколку намирници кои би требало да ги избегнувате поради количината на јаглехидрати кои ги кријат зад примамливата надворешност.

Доколку некогаш сте одлучиле да започнете диета за да намалите некој вишок килограм, веројатно меѓу другото сте се откажале и од белиот леб. Но, изгледа дека белиот леб сепак не ви е најлош непријател во борбата против вишокот килограми. Професионалецот за исхрана, Мануел Вилакорт, откри која храна преполна со јаглехидрати треба да се исфрли заедно со белиот леб.

1. Кафето со различни додатоци како шлаг, чоколадни трошки или прелив, може да има калории како еден просечен оброк, и многу голема количина на јаглехидрати. Ако на тоа го додадеме шеќерот и заситените масти од шлагот и чоколадниот прелив, ова кафе може да се стави во ранг со просечни десерти.

2. Некои печива зависно од големината и составот можат да имат и до 200 калории, и 50 грама јаглехидрати.

3. Половина литар сок или фрапе од свежо овошје може да содржи и до 75 грама јаглехидрати и 65 грама шеќер, но благодарение на фактот дека се здрави за организмот, од таквите сокови не треба да се откажете, туку да ги конзумирате во помали количини.

4. Ако сакате денот да го започнете со мафин од блиската пекара, можеби ќе сакате уште еднаш да размислите. Овој прекрасен десерт е полн со шеќер и јаглехидрати и со тоа погубна за вашата борба со килограмите.

5. Јогуртот е омилена храна на сите кои внимаваат на тежината и во тоа нема ништо лошо, но доколку се одлучите за јогурт со желе од овошје неговата енергетска вредност двојно се зголемува.

6. Пуканките, иако се одличен извор на антиоксиданси, многу се заситени со јаглехидрати, а варијантата со зејтин, сирење и слично, може да има и до 1200 калории.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...