Wednesday, 28 March 2012 15:28 Здравје

Ако сакате да го продолжите својот животен век, станете кога можете да стоите наместо да седите.

Резултатите од истражување спроведено во Австралија во кое учествувале повеќе од 220.000 луѓе покажале дека предолгото седење во текот на денот го скратува животниот век за три години, дури и кај личностите кои се физички активни.

Возрасните личности кои седат повеќе од 11 часа дневно изложени се на 40% поголем ризик од смрт во наредните три години, во споредба со личностите кои седат помалку од четири часа во текот на денот. Овој однос не се менува дури ни кога во обѕир се земаат нивните животни навики, евентуално вежбањето, тежината и општата здравствена состојба. Кај оние кои седат меѓу 8 и 11 часа, овој ризик е зголемен за 15%.

Шефот на истражувачкиот тим д-р Хиде ван дер Плог од Секторот за јавно здравје на универзитетот во Сиднеј вели дека резултатите од студијата објавена во Архивите на интерната медицина треба да се сфатат сериозно.

„Утринската прошетка или одењето во теретана се важни, но едно важно е избегнувањето на предолго седење. Нашите резултати покажаа дека луѓето дефинитивно премногу време поминуваат во седечка положба, дали на работа, дали дома или за време на превозот. Тие навики мораат да се променат, ако ништо друго, така што барем еден дел од патот до канцеларијата да се помине пешки“, вели д-р Плог.

Во групата физички неактивни испитаници, оние кои најмногу време поминувале седејќи биле изложени на зголемен смртен ризик, се на се, во текот на три години колку што траело истражување, умреле 5.400 испитаници, а 7% од смртните случаи се доведени во врска со „седечкиот“ стил на живот.

Личностите кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи имаат поголем обем на половината, како и зголемено ниво на холестерол, шеќер и триглицериди во крвта, а загрижувачко е тиа што просечна возрасна личноста 90% од своето слободно време го поминува седејќи, иако лекарите препорачуваат минимум 150 минути физичка активност неделно.

За цифрите да ги ставиме во одговарачка перспектива, да кажеме вака - 30 минути умерена физичка активност го штити вашето здравје во иста мерка во која 10 часа седење го загрозува.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...