ТОП ВИДЕО |
Saturday, 17 March 2012 13:00
Здравје
Кога се разубавува времето често чувствуваме „пролетен умор“ кој е последица пред се на витамин C, кој покрај едноличната исхрана за време на зимата организмот не го добивал во доволни количини. Поради недостаток на овој витамин искористеноста на кислород во клетките и ткивата е намалена, ослабнат е имунолошкиот систем и организмот е поподлежен на болести. Пролетниот умор се карактеризира со брзо заморување, намалена концентрација, постојано прозевање и потреба за спиење во текот на денот. Пречките исчезнуваат брзо по внесување на намирници кои содржат поголеми количини на витамин C. Лекарите велат дека на појавата на пролетниот умор влијаат и наглите промени на времето, на кои организмот тешко се прилагодува. Со оглед на тоа што скоро ни претстои доаѓање на пролетта, се советува конзумирање на што повеќе свежо овошје и зеленчук, затоа што тие се најголеми извори за витамин C. За пречките предизвикани од пролетниот умор да се пребродат, се препорачува здрав сон од осум часа и одење на спиење порано отколку обично, физичка активност, како и внесување на што повеќе вода во организмот, затоа што водата го крева чувството на физичка сила, го регулира варењето и го намалува чувството на умор. Лекарите препорачуваат и изложување на природна светлина која влијае на подобрување на расположението и намалување на поспаноста. Се препорачува утринско туширање со наизменично топла и ладна вода, така што ладната ќе биде на крајот, додека навечер помага топла бања со етерични масла. Во текот на денот се препорачува физичка активност во траење од најмалку 30 минтуи - трчање, одење, пливање... |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|