Thursday, 15 March 2012 16:30 Здравје

Истражувачите од универзитетот во Гранада потврдиле дека постои директна врска меѓу состојбата на нахранетост кај децата и личноста која им ги подготвува оброците.


Студијата открила дека децата кои јадат дома со родителите имаат подобра состојба на нахранетост и изложени се на помал ризик од дебелеење отколку децата чии оброци ги подготвува некоја друга личност.

Студијата, која неодамна е објавена во списанието Nutricion Hospitalaria, открива дека состојбата на нахранетост кај децата зависи директно од личноста која им го подготвува оброкот. Според тоа, децата чии оброци ги подготвува нивната мајка имаат подобра состојба на нахранетост отколку децата кои не јадат дома.

Истражувачите тврдат дека мајката е член на семејството кој најдобро знае кои се потребите за исхрана кај децата и најмногу знае за исхраната за да подготвува оброци за деца.

Истражувачите студијата ја спровеле на примерок од 718 деца од училишна возраст меѓу 9 и 17 години од 13 државни и приватни училишта во шпанската покраина Гранада.

Со примена на антропометрички мерења на половината, колковите, рацете и бутовите, истражувачите ја оценувале тежината, обемот и индексот на телесна маса (BMI) кај децата според возраста и полот.

Покрај тоа, истражувачите од универзитетот во Гранада направиле прашалник за процена на семејното опкружување, честоста на конзумирање на одреден вид храна и физичката активност на децата, со цел да се испита односот меѓу семејното опкружување, дебелината и зголемената телесна тежина во детството.

Исто така, истражувачите утврдиле дека постои врска меѓу неактивниот начин на живот и индексот на телесна тежина.

Статистички значајните разлики во индексот на телесна маса се утврдени меѓу деца кои се неактивни и оние со здрави навики во поглед на физичката активност.

Утврдено е дека што повеќе време се поминува во гледање на телевизија, играње видео игри и пребарување по интернет, толку поголем е индексот на телесна тежина.

Заклучокот на истражувачите е дека исклучително е важно да се промовираат и поттикнуваат здрави навики во рамки на семејството, што подразбира дека децата треба да играат традиционални игри кои обично подразбираат физичка активност која е од суштинско значење за поздравите деца.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...