Wednesday, 14 March 2012 16:39 Здравје

Жените кои поради работа се под стрес се склони кон „емоционално“ јадење, тврдат финските професионалци.


Претиснати од работата со која се занимаваат, жените се склони утеха од стресот да побараат во храната, заклучила група фински професионалци од Институтот за професионално здравје.

Нивната студија покажала дека жените кои се под стрес често прибегнуваат кон „емоционално“ јадење. Тие јадат кога се анксиозни или нерасположени, а не само кога се гладни.

Овие жени се посклони и кон неконтролирано јадење, кое се карактеризира со чувство на постојана глад и неможност за запирање се додека не се „исчисти“ сета храна која е на располагање.

Стресот го отежнува правењето на промени во сопственото однесување во однос на храната. Кога стресот ќе го направи своето, слабеењето долго трае и тешко е да се одржи нова тежина.

Финскиот тим препорачува кај вакви случаи прво да се реши проблемот со работата, како и кај лечењето на дебелоста задолжително да се разгледа и прашањето на работни прилики на извесната личност и нејзините прехрамбени навики.

Жените кои му припаѓаат на споменатиот тип дури не мораат да бидаат дебели, но нивниот однос кон храната се заканува тие со тек на време да станат такви. Ваквиот начин на живот никако не е добар за нивното здравје, затоа што под дејство на стрес, попрво се определуваат за чоколадо или брза храна отколку за здрави производи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...