ТОП ВИДЕО |
Friday, 09 March 2012 12:11
Здравје
Ако фактот дека зеленчук и овошјето се добри за вашето здравје не ве натерал да го јадете во доволни количини, во тоа може да ве убеди истражувањето кое вели дека поради таквата исхрана ќе изгледате подобро... Луѓето кои во текот на шест месеци редовно јаделе зеленчук и овошје изгледале подобро и попривлечно од оние кои не се држеле до таквиот начин на исхрана, покажа истражувањето на британскиот Универзитет "Св. Ендрјус" направено на 35 луѓе на возраст од 18 до 25 години. Истражувачите ги следеле волонтерите кои секој ден јаделе овошје и зеленчук, пишува “Дејли Меил”. Особено внимание и посветиле на бојата на кожата, на која овој вид на исхрана влијае, а промените ги следеле со специјални камери. Изгледот на оние кои секој ден јаделе по три порции овошје и зеленчук, бил оценет како здрав. Дополнителните порции овошје и зеленчук уште повеќе ја зголемиле нивната привлечност, потврдува студијата. Овошјето и зеленчукот се богати со каротеноиди, кои ги штитат клетките од УВ зраците и загадувањето, а можат да спречат и болести поврзани со помнењето, срцеви заболувања, рак... Покрај тоа, каротеноидите, од кои се најпознати ликопените, имаат многу големо влијание врз кожата. Доматите, црвените пиперчиња, морковите, брокулата и спанаќот се богати со ликопени. На кожата исто така влијаат и полифенолите, инаку составен дел на јаболката, боровинките, црешите, кои ја носат крвта на површината на кожата. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|