Tuesday, 28 February 2012 15:08 Здравје

Практиката на медитацијата може да ја промени дури и физичката структура на мозокот, да го зголеми спектарот на мозочните бранови и засекогаш да ја измени нашата способност да внимаваме, покажува истражување на експерти од САД...


Во текот на неколку години научници од универзитетот во државата Висконсин ги анализирале последиците од будистичката медитација на т.н спектар на мозочни бранови. Иако одамна се знае дека придобивките од медитацијата вклучуваат намалување на стресот и анксиозноста, истражувачите сега велат дека кога се практикуваат редовно, медитационите техники можат да предизвикат структурни промени во самиот мозок. Оваа способност на мозокот да расте и да се развива, научниците го нарекуваат "невропластичност".

Како мозокот ни растe?

Во минатото научниците верувале дека штом еднаш мозокот се формира во раното детство, останува физички непроменет во текот на целиот живот. Напредокот во технологијата на скенирање на мозокот го промениле тоа разбирање и сега научниците веќе ја кажуваат идејата за т.н невропластичност и континуиран развој на мозокот.



Што покажува истражувањето за ефектот на медитацијата врз мозокот

Во ноември 2004 година, научниците од универзитетот во Висконсин ги објавиле резултатите од истражувањето во весникот Proceedings of the National Academy of Sciences кои покажуваат дека тренирањето на умот ја менува физичката обиколка на мозокот. Истражувањето вклучило будистички монаси, од кои секој поминал меѓу 10 и 50 илјади часа во медитација, а од друга страна доброволци без претходно искуство во медитационите техники. Сите вклучени во експериментот биле замолени да медитираат на нешто кое предизвикува сочувство. Во исто време научниците им ја следеле мозочната активност.

Експериментот открил дека практикувањето на традиционалната будистичка медитација го зголемува нивото на гама-брановите во мозокот при апсолутно сите учесници. Гама брановите се одговорни за зголемените нивоа на будност, интелигенција, фокусирање и енергија, подобра меморија, позитивно мисли и расположение.



Експериментот исто така покажал дека монасите кои биле со најмногу часови на медитација, имале највисоки нивоа на гама бранови и тие се одржувале високи дури и кога монасите не медитирале. Тоа ги навело истражувачите до заклучок дека тренирањето на умот, дали преку будистичка медитација или со други техники како што се јога, водат до трајни промени во структурата на мозокот.

Зголемувањето на гама брановите и медитацијата

Што значат резултатите од истражувањето за нас? Се разбира, не сите можеме да станеме будистички монаси, но секој може да извлече корист како да го зголеми нивото на гама брановите во мозокот преку вежбање. Ако медитацијата не звучи доволно примамливо, еве неколку други техники со кои можеме да се обидеме да го зголемиме спектарот на мозочните бранови:

- Да се наспиваме. Спектарот на мозочни бранови се јавуваат за време на Рем фазата на сонот и се поврзуваат со самиот сон. Нивото на овие бранови може да се зголеми и во моментот на будење. Доволно количество сон помага за зголемување на општото ниво на гама брановите.
- Да се обидеме со хипноза или автохипноза - тие исто така го зголемуваат спектарот на мозочни бранови.
- Да практикуваме јога - таа исто така докажано влијае позитивно врз нивото на гама брановите во мозокот.



Научни докази за она што будистичките монаси го знаат со векови

Повеќе истражувања го демантираат претходното верување дека мозочната структура останува непроменета во зрелата возраст. Научниците сега спроведуваат истражувања во областа на невропластичноста и ја тестираат идејата дека физичката структура на мозокот се менува во текот на целиот живот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...