Wednesday, 22 February 2012 11:53 Здравје

Заборавате каде го оставате мобилниот? Не можете да ја пронајдете маицата која пред некој ден сте ја ставиле во плакарот? Не можете да се сетите на личноста која неодамна сте ја запознале? Со денешниот начин на живот, заборавањето не е ништо необично...


Преоптеретени сме со голем број на информации, а резултатот е тоа што памтењето во некои важни моменти едноставно не издава. За да избегнете непријатни ситуации, ви носиме неколку трикови со кои твоето памтење ќе работи како светилка.

Подобри ја меморијата

За да ги запомниш своите планови за идниот ден, обиди се да ги визуелизирате. Значи, ако планирате кафе со пријател/ка, а потоа шопинг и важна бизнис редба - замислете ги тие настани. Во главата префрлете ги сликите од кафето, обидете се да замислите што ќе носите на деловниот состанок, а составете и неколку вербални знаци кои ќе ве потсетуваат на настанот. Таквото визуелизирање на настаните се нарекува мномотехничка метода, а со неа се служеле поетите во античка Грција, ако им користела ним, без сомнение може да ви користи и вам.

Размислувај јасно и гласно

Знаеме дека не е нормално да одите по улица и да размислувате на глас, но ако сакаш подобро да помниш, оваа техника применувај ја што почесто. Значи, ако се обидувате на научите некој тежок предмет - зборувај за него на глас. Пред излегувањето од куќата повторувај: "Денес на работа морам на шефот да му го презентирам својот план за решавање на криза". Оваа метода често сме ја применувале како деца, но навистина помага. Затоа понекогаш и на ваков начин вреди да се вратите во младоста.

Влијание на брзо читање

Ако нешто сакаш или мораш да запомниш на брзина, а свесна си дека никогаш повеќе нема да ти треба, брзото читање е супер решение. Всушност, оваа метода не е фокусирана на разбирање и задржување на знаењето, но е делотворна ако се плашиш за некој важен испит. Но, доколку сакаш да читаш, а твоето знаење не испари веќе другиот ден, тогаш рецептот е сепак во повторувањето. Што повеќе читај, твојата меморија ќе работи подобро, и секако би било многу подобро и покорисно кога би го читала она што ве интересира. Тоа не мораат да бидат само стручните книги, туку и некоја лесна книга која ќе те поттикне на повеќе читање и равој на подобра меморија.

Вежби за мозокот

Решавање на крстозбор, игри на мобилниот или логичките игри на интернетот го развиваат мозокот и делуваат на зголемувањето на меморијата. Освен што играњето може да биде многу забавно, одлично е што мозокот да го поттикнеш на акција и развивање.

Вежби за телото

Во здраво тело, здрав дух, но и ум! Многу корисно за човечкиот мозок е вежбањето. Доброто чувство по вежбањето, но и за време на вежбањето го поттикнува нашиот мозок буквално да се освежи. За ваков вид освежување, најдобро е да вежбате јога, но ниту еден друг облик на вежби не е лош, само мораш да го пронајдеш она што најмногу ви се допаѓа, не е ниту лошо да го прошетате кучето по паркот.

Добар сон

Спиењето е многу важно за функционирањето на мозокот. Води сметка за тоа дека на човек му се доволни 8 часа сон, се повеќе е премногу, а се помалку е премалку. Затоа своете време и обврски обидете се да ги прилагодите со уреден живот во кој спиењето ќе биде приоритет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...