Saturday, 18 February 2012 17:15 Здравје

Брзината со која некој оди укажува на шанса таа личност да се разболи од деменција во подоцниот период од животот, соопштија американските научници. Исто така и силината на стисокот на раката во средната доба може да се доведе во врска со шансите за мозочен удар.


Истражувачите нагласиле дека во двата случаи неопходно е да се направат додатни тестови, за да се утврди влијанието на останатите фактори.

Д-р Ерика Камарго, која го спровела истражувањето во Медицинскиот центар во Бостон, изјавила дека врската меѓу бавното одење и деменцијата посоти кај постарите луѓе, но дека не е јасно дали тие важат во средната доба на живот.

За време на истражувањето, бележени се брзините на одење на 2.410 луѓе кои во просек биле стари 62 години. Резултатите, кои ги презентирале на годишната конференција на Академијата за неврологија, покажуваат дека 34 личности развиле деменција, а дека 79 лица доживеале мозочен удар.

Научниците заклучиле дека побавното одење укажува на поголеми шанси за појава на деменција, а посилниот стисок на понизок ризик од мозчен удар.

„Ова се едноставни канцелариски тестови кои можат да пружат увид во ризикот од деменција и мозочен удар и лесно можат да ги направат невролозите или општите лекари“, рече Камарго.

Д-р Ен Корбет од Здружениот за борба против Алцхајмер вели дека луѓето сами можат да направат многу на смалување на ризикот од деменција.

„Препорачуваме да се храните здраво и урамнотежено, не пушете и одржувајте здрава телесна тежина, бидете физички активни и редовно контролирајте го крвниот притисок и холестеролот“, рече Колберт.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...