Tuesday, 08 November 2011 10:11 Здравје

Ако сакате наутро да се излежувате во кревет, додека го правите тоа можете да направите нешто корисно. Не брзајте да станувате...


Прво направете неколку вежби за раздвижување и ќе ви биде многу полесно да се справите со претстојните задачи.

Не започнувајте го денот со стресни ситуации. Неколку вежби ќе ја зајакнат циркулацијата и ќе ви дозволат да го започнете денот ведро.

Така ќе ви е полесно да се справите со претстојните задачи, но и ќе согорите по некоја непотребна калорија.



Прва вежба:

Легнете на стомак, свиткајте ги нозете кон градите и отпуштете го телото врз нив. Рацете слободно исправете ги надолу. Држете во таа положба 2-3 мин.

Втора вежба:

Од истата првобитна положба при претходната вежба, преклопете ги нозете под колената и обидете се да ги допрете глуждовите со раце.

Извиткајте го грбот и главата назад, а во исто време притискајте го стомакот кон креветот. Држете така 15-20 секунди и опуштете. Повторете ја вежбата 4-5 пати.

Трета вежба:

Потпрете се со рацете на креветот и исправете ги нозете нагоре. вашето тело треба да ја заземе формата на буквата V.

Задржете се така 10 секунди и опуштете ги мускулите, со мало свиткување на колената и рацете. Повторете така 4-5 пати.

Четврта вежба:

Легнете на грб, раширете ги нозете на ширина на рамењата и преклопете ги под прав агол во колена. Рацете се слободно опуштени покрај телото. Од таа положба подигнете ја карлицата и долниот дел на грбот, додека колковите и вашето тело застанат во една линија.

Стегнете мускулите на карлицата, држете 3-4 секунди и вратете се во првобитната положба. Повторете 8-10 пати.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...