ВИЦ

Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
-Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои
другари скокаат на нозе, единствено јас скокам на глава, а директорот на
лудницата ни рече, ако бидеме добри, ќе го наполни базенот со вода...

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 21 September 2011 13:26 Здравје

Ако се обидувате да изгубите килограми, немојте да мислите дека храната ви е непријател. Напротив, со изборот на вистинските намирници ќе изгубите повеќе килограми отколку гладувајќи и броејќи калории. Ви ги претставуваме седумте намирници кои ефикасно ја топат маснотијата...


1. Овес

Чекајте малку, зарем овесoт не е јаглехидрат? Да, но овесот е целосна житарица, што би значело дека има моќ за создавање на чувство на ситост. Исто така, овесот содржи растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот и маснотијата во крвта. Споро се вари, така што не го зголемува шеќерот и создава долготрајно чувство на ситост.



2. Јајца

Нутриционистите веќе со години се обидуваат да и ја вратат репутацијата на оваа намирница. Јајцата се концентриран облик на животински протеини, но без маснотии кои ги содржи, на пример, месото. Истражувањата покажале дека едно јајце како додаток или замена во тостот и житарици за појадок, овозможуваат губење на повеќе калории отколку оброкот составен од јаглехидрати.



3. Млеко


Докажано е дека комбинацијата од калциум, витамин D и протеини кои ги содржи млекото со мала количина на маснотија и немрсниот јогурт го поттикнуваат топењето на килограмите, а притоа ја задржуваат мускулната маса.



4. Јаболко


Бројни студии покажале дека едно јаболко изедено половина час пред оброкот го намалува внесувањето на калории затоа што влакната кои што ги содржи даваат чувство на ситост што значи дека помалку ќе изедете. Делувајќи како антиоксиданс, го спречува пореметувањето во метаболизмот како што се високиот притисок и холестеролот. Исто така, јаболкото содржи пектин кој се врзува со водата и така ја намалува количината на маснотија која телото ја апсорбира.



5. Црвено месо

Веројатно не можете да го замислите црвеното месо како диетална храна, но истражувањата спроведени на жените кои јаделе црвено месо покажале дека тие изгубиле повеќе килограми од жените кои не го јаделе. Причината за тоа е големата количина на протеини кои се содржани во него, а кои помагаат во одржувањето на мускулната маса, која се разбира, и вие треба да ја одржувате со вежбање.



6. Цимет

Овој едноставен и потценет зачин има многу голема сила при разградувањето на шеќерот. Со конзумирање на четвртинка до две лажички цимет секој ден, можете да го намалите шеќерот во крвта и холестеролот од 10% до 20%. Внесете го овој зачин во било кој оброк. Посипајте го врз житариците, ставете го во чајот или кафето и ќе му помогне на вашиот организам да се ослободи од шеќерот.



7. Бадеми


Првата помисла која ви доаѓа кога ќе помислите на кафеави плодови е дека се мрсни и дека здебелуваат. Оревите, костените, бадемите, кикиритките, лешниците, ф’стците навистина се калорични, но исто така многу хранливи и ефективни во борбата против холестеролот и триглицеридот, но даваат и многу енергија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...