Иако летото им е омилено годишно време на повеќето, многумина се развеселија со доаѓањето на ладните есенски денови. Но, пониските температури не носат само освежување, туку и опасност од качување килограми. За да ви помогнеме во борбата против дебелеењето, ви претставуваме неколку скриени навики од кои морате да се ослободите...
Тешка храна
Посвежото време секако го отвара апетитот, а со доаѓањето на есента ни доаѓа и желбата за храна која поради големите жештини ја избегнувавме во широки кругови. Сарма, грав, разноразни вкусни пити и торти се само мал дел од богатата есенска трпеза кои за секунда можат да ни прикачат неколку килограми повеќе.
Решение: Нема причина да не уживате во вкусна, малку покалорична есенска кујна, но како и со сè останато треба да бидете умерени. Намалете ги порциите, а што се однесува до десертите, доколку ги правите сами, нека бидат малку полесни и со помалку шеќер.
Намалена активност
Нормално е во текот на летото да сме многу поактивни, затоа што поголемиот дел од времето го поминуваме надвор од дома. Многумина сувото време го искористија за прошетки, возење на велосипед, трчање или возење ролерки, а со доаѓањето на првите дождови таквите активности се одложуваат, што исто така може да доведе до здебелување.
Решение: Не одложувајте ги физичките активности, туку префрлете ги во затворен простор. Избришете ја прашината од статичниот велосипед, орбитрекот или пак DVD-то со вежби и тргнете во акција. Ако сакате да вежбате во друштво, рекреацијата можете да ја побарате во тератана или фитнес центар и во разновидната палета на активности кои сега се нудат, најдете ја онаа која вам најмногу ви одговара.
Поладно време = Поголем апетит
Ако сте помислиле дека си замислувате, знајте дека тоа навистина е вистина. Не станува збор за ПМС, туку за вистински зголемен апетит кој со паѓање на температурата пропорционално расте затоа што храната е гориво за организмот и на тој начин го загрева.
Решение: Не дозволувајте да ви биде ладно. Облекувајте повеќе слоеви облека, попладне со телевизорот употребете ќебе, а што се однесува до храната, кога ќе почувствувате глад меѓу оброците за додадна енергија, посегнете по здрав микс за грицкање кој содржи суво грозје, лешници, бадеми и слично овошје.
Облеката ги прекрива недостатоците
Докажано е дека жените во текот на летото водат повеќе грижа за своето тело обидувајќи се за време на двете недели годишен одмор да изгледаат најдобро што можат. Но, со доаѓањето на есента почнуваме да носиме поудобна облека која ги прекрива сите недостатоци, па со самото тоа полека го занемаруваме целулитот, стомакот и други женски проблеми кои во текот на летото ни оделе на нерви.
Решение: Секој од нас кога ќе се погледне во огледалото без облека секогаш пронаоѓа некаков недостаток кој би сакал да го промени. Не чекајте ја следната сезона за бањање, туку веднаш тргнете во акција и со мали, но сигурни чекори обидете се да ја остварите конечната цел.