Thursday, 01 September 2011 08:00 Здравје

Дали постојат „негативни“ калории и дали смеете да јадете се што сакате се додека редовно вежбате...?


Целерот, краставиците и ајсберг салатата имаат „негативни“ калории

Концептот е од прилика ваков: некои видови зеленчук имаат толку мало калории што повеќе време ви треба да ги сварите, отколку што ќе добиете со конзумирање на истите. Резултат? Ако јадете целер, краставици и ајсберг салата вашето дневно калориско ниво ќе биде негативно. Тоа звучи супер во теорија, но со варање никогаш нема да потрошите повеќе калории отколку што ќе ги внесете со храна, без оглед за која намирница станува збор, велат нутриционистите.

Сепак, овој зеленчук со мала калориска вредност може да ви помогне да намалите некој килограм, затоа што има голема содржина на влакна и вода, па долго ќе бидете сити. Значи, ако не сакате да бидете „во минус“ со калориите, слободно навалете на целерот.

Ако кардио тренингот го направите на „празен стомак“ ќе согорите повеќе маснотии во текот на денот

И оваа тероија на прв поглед држи вода. За утринското трчање ви треба енергија, ако не јадете ништо пред тоа, телото енергијата ќе ја добие од мрсните клетки. Сепак, процесите во организмот не функционираат баш така. Ако согорите повеќе маснотии вежајќи, вашето тело само ќе „закочи“ подоцна во текот на денот и ќе се прилагоди трошејќи помалку енергија.

Поголемиот број лекари препорачуваат пред утринското вежбање да се изеде лесен појадок, затоа што тој оброк ќе ви овозможи да вежбате подолго и поефективно, а со самото тоа да согорите повеќе калории.



Шест помали оброци во денот го забрзуваат метаболизмот

Често се наидува на совети од типот „пет, шест помали оброци дневно за витки половини“, но, ако водите смета што јадете и три оброци се во ред. Сеопфатно истражување од 2009 година чии резултати се објавени во Британскиот весник за исхрана не даде докази за оваа теорија.

Научниците не ги воочија разликите во губењето телесна тежина меѓу испитаниците во зависност од тоа дали јаделе три или шест пати дневно (вкупниот дневен внес на калории бил еднаков и за двете групи). По споредните анализи на резултатите од 18 студии кои се занимавале со оваа тема, професионалците од Меѓународното здружение за спортска исхрана заклучиле дека зачестеноста на оброкот во текот на денот не влијае на метаболизмот ниту поттикнува губење на тежината. Што да правите? Изберете начин на исхрана кој најмногу ви одговара, но немојте да дозволите да прегладнете меѓу оброците.

Производите со ниска содржина на масти имаат помалку калории отколку полномасните


Иако делува логично, ова не е точно. Во производите со ниска содржина на масти вообичаено се додаваат засилувачи на вкусот и повеќе шеќер, па бројот на калории расте, и може да биде дури и поголем отколку во полномасната „верзија“ на истата намирница.

Ако доволно вежбате, не морате да внимавате што јадете

Овој мит е можеби најраспространет кај луѓето кои вежбаат за да ја доведат својата линија во ред. Ако го засилите интензитетот на вежбање, телото троши повеќе калории, но важно е да не претерате затоа што процесот на слабеење ќе биде прекинат ако се преморите.

Имајте на ум дека никој уште не ослабел само од вежбање, без оглед на тоа колку се трудите со вежбањето, сепак морате да водите сметка и за исхраната.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...