Wednesday, 10 August 2011 07:51 Здравје

Поголемиот број пушачи земаат мултивитамински суплементи, верувајќи дека тие ќе ја поправат штетата нанесена со пушење и ќе ги заштитат од последиците на тутунскиот дим. Но, и витамините се целосно немоќни во облакот од чад...


Тајванските научници спровеле два оддвоени експерименти во кои учествувале 154 пушачи, а потоа ги споредиле резултатите. Групата од 74 испитаници добила плацебо, а другата половина добила витамин C. Откако што ја испиле таблетата, час време пополнувале анкета, а притоа им било дозволено да пушат колку што сакаат.

За време на тоа час време, луѓето кои знаеле дека зеле витамин C пушеле два пати повеќе од оние кои знаеле дека зеле плацебо. Исто така, испитаниците кои зеле витамин C во анкетата одговориле дека се чувствуваат како да се „заштитени од рак“, и дека затоа „опуштено“ уживаат во цигарите.

За време на второто истражување, во кое учествувале 80 личности, на испитаниците им е дадено плацебо. Половината од нив знаеле што е во прашање, а на половина од нив им е кажано дека земаат мултивитамини. Подоцна и тие одговарале на прашањата за својот животен стил, навики и пушењето, и кажано им е дека можат да пушат колку што сакаат.



Резултатите се поклопувале со оние добиени во првиот експеримент. Испитаниците кои верувале дека земаат витамини пушеле многу повеќе од оние кои знаеле дека зеле плацебо. Испитаниците кои во почетокот веруваат дека „семоќните“ мултивитамински препарати ќе ги заштитат од рак пушеле значително повеќе од скептичните во погледот на ефикасноста на витаминските суплементи.

Пушачите кои се потпираат на позитивните ефекти од мултивитаминските препарати се во заблуда, затоа што витамините не можат да ја „поправат“ штетата која тие му ја нанесуваат на својот организам со пушењето, се наведува во стручната публикација Addiction (Зависност).

Поради тоа неопходно е лекарите на своите пациенти пушачи да им го свртат вниманието на тој факт, затоа што тоа може да им биде додаден мотив за ослободување од таа нездрава зависност.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...