Главоболката е речиси секојдневна појава со која поголемиот дел се научуваат да живеат. Но, иако понекогаш не можеме да ја најдеме причината за оваа непријатна болка која погодува во секој дел од денот, постојат оние кои се наоѓаат скриени насекаде околу нас. Ова се 10 неверојатни предизвикувачи на главоболка...
1. Одење на фризер
Главоболката по заминување на фризер е вообичаена појава, а причината е држење на главата во неприродна положба, за време на миењето на косата. Таквата положба го истегнува вратот и го претиска живецот, а болакта може да се јави и ден-два потоа. Сличен ефект можат да предизвикаат и долги телефонски разговори, односно држење на мобилнот или слушалката претиснета на рамото.
2. Кашлање
Кашлањето може да ја засили и најслабата главоболка. Напрегањето при кашлање, кивање или некој друг начин на напрегање како издувување на носот влијае со страшен притисок на мозокот.
3. Тренинг
И напорниот тренинг може да предизвика главоболка. Со трчање, дигање тегови или слични облици на телесно вежбање ги прошируваат крвните вени во целото тело.
4. Храна
Постои цела низа прехрамбени производи кои можат да предизвикат или засилат главоболка, а главната причина е тираминот - дериват на аминокиселината терозин која се наоѓа во намирнциите како што се јајцата, месото и сирењето, па конзумирањето на истите може да предизвика или многу да ја засили мигрената.
5. Коњско репче
Оваа популарна фризура може да ви зададе силна главоболка. Високото, залижано опавче заврзано по неколку часа дневно го затегнува коренот на косата и предизвикува тапа болка. Сличен ефект имаат и траките за коса или тесните капи.
6. Секс
Иако станува збор за најголемото уживање, сексот може да стане главна причина за главоболка. Болките можете да ги чувствувате како напнатост во главата и вратот. Сексот, воопшто, го зголемува крвниот притисок што доведува до зголемување на притисокот во главата. Покрај тоа сексот предизвикува и грчење на мускулите и напнатост.
7. Туширање со врела вода
Додека на оние кои ги мачи главоболка предизвикана од воспалени синуси топлата вода ќе им помогне во отстранување на болката, на некои утринскиот топол туш може да им предизвика главоболка. Промената на температурата предизвикува зголемување на притисокот на мозокот поради што се појавува главоболка. И екстремната ладнотија може да предизвика главоболка.
8. Цигари
Иако пушењето краткорочно смирува, тоа може да предизвика и главоболка. Никотинот предизвикува стеснување на крвните вени во мозокот што поттикнува појава на болка.
9. Несоница
Освен што предизвикува главоболка, уште, испрекинатиот или краток сон може да предизвика раздразливост и лошо помнење. Намалувањето на сонот го намалува нивото на серотонин - неуротрансмитерска хемикалија важна во преносот на импулси меѓу нервните клетки, а има улога и во циркулацијата на крвта.
10. Топло време
Статистичките истржаувања покажале дека главоболката најчесто се појавува во летните денови. Зголемената температура од само пет степени го зголемува ризикот од главоболка. Нискиот притисок, кој обично му претходи на дождот, предизвикува напнатост чиј резултат исто така е главоболка што најдобро ја знаат оние со низок притисок, таканаречени метеоропати.