Sunday, 07 August 2011 13:29 Здравје

Веќе е познато дека чаша црвено вино со ручек делува благотворно на организмот, но според новото „собирање“ корисни особини, алкохолниот пијалок кој најмногу му користи на телото е пивотот, богато со витамини и минерали...


Доколку се пие во умерени количини, пивото е најздрав алкохолен пијалок, се наведува во извештајот на здружението на љубители на пивото, Beer Academy, кое покрева култура од уживањето во тој алкохолен пијалок.

За време на истакнувањето на благотворните работи на алкохолните пијалоци поради особините за зголемување на добриот холестерол и намалување на лошиот, секогаш на прв план излегуваше црвеното вино. Намалувањето на притисокот и намалувањето на каменот на бубрегот исто така се корисни особини на најсаканиот пијалок на многумина.

Но, бивото е богато со витамини, минерали и антиоксиданси, и содржи значаен процент на растворливи растителни влакна. Во однос на останатите алкохолни пијалоци, има и релативно ниска калорична вредност, која одговара на бројот на калории кои ги има млекото.

„Пивото содржи витамини кои ви помагаат да ја задржите урамнотежената здрава исхрана, минерали како силициум кои можат да го намалат ризикот од остеопороза, и лесно ги апсорбира антиоксидансите“, истакна портпаролот на Beer Academy.

Светлите пива имаат најголемо ниво на силициум, додека безалкохолните и пенести пива го имаат во најмала количина.

Освен силициум, минералите во него како железо, хром, бакар и калиум можат да бидат цврси аргументи на редовните конзумирачи на пиво. Посебно поволни се натриумот и калимуот, каде што калиумот е во предност, што е предуслов за правилна рамнотежа на течностите во организмот и превенција од зголемен крвен притисок.

Пивото може да придонесе и заштита од срцеви болести поради витаминот B6, кој спречува собирање на хомоцистеини во телото за кои се претпоставува дека ја зголемуваат опасноста од срцеви заболувања.

Овој пијалок произведен од слад, јачмен, хмељ и квасец може да послужи и како дополнување на диетите сиромашни со минерални соли, а веруваме дека неговото диуретско делување не е потребно посебно да се истакнува.

Сите наведени позитивни особини делуваат исклучиво при умерено конзумирање, односно, едно до две пива дневно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...