Friday, 05 August 2011 10:19 Здравје

Кафето станува популарен пијалок во сите делови на светот. Дури и во земја како Велика Британија, позната по својот конзерватизам во која тешко се менуваат традициите, луѓето се повеќе преферираат кафе отколку чај...


Неколку случаи на здравствени проблеми поради ултра големи дози кафе станала причина за медиумите да обрнат повторно внимание на предностите и негативностите од пијалокот и која количина не е штетна за здравјето.

Симптомите на предозирање од кафе се добро познати - обилно потење, топли бранови , забрзано дишење, неадекватост во однесувањето ( на пример склоност кон плач и смеа во исто време).



Италијанците како традиционално посветена нација на кафето велат дека дури 7 чашки експресо на ден не се многу, но експертите предупредуваат дека подносливоста на организмот кон кофеинот е строго индивидуална и вкупно препорачливата доза на ден не може да се утврди. Според повеќето проценки, 5 поединечни чаши експресо на ден не треба да создадат проблем на здравјето.

Најмногу кофеин содржи свежото мелено кафе- околу 120мг во една доза. Во исто количество експресо содржи околу 107 мг.

Предности и недостатоци

Предозирањето со кафе може да има тешки последици - чувство на загриженост и нервоза, возбуда , несоница и депресија. Исто така предозирањето со кафе доведува до неможноста крвта да циркулира нормално. Не може да се утврди смртоносната доза кафе, но според некои пресметки тоа изнесува околу 90 мг кофеин на литар крв, односно 200 чаши кафе растворливи на ден .



Кафето има голем број позитивни својства

Утврдено е дека количество од 3 чаши дневно го намалува ризикот од  заболувања на црниот дроб, особено кај луѓето кој редовно конзумират алкохол. Приближно истата количина ја намалува веројатноста од развојот на Алцхајмерова болест.



Оваа година излегоа резултатите од истражувањето, според кои кафето ја заштитува кожата од сончевите зраци.

Кафето го стимулира и нервниот систем, и со тоа ја зголемува способноста  да се учи, внимава, и мисли.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...