Tuesday, 26 July 2011 10:16 Здравје

Сјајна и здрава коса е сон на секоја жена. Иако со разноразни препарати за коса се обидувате максимално да ја чувате косата, понекогаш несвесно ја уништувате со секојдневни навики. Овие се 7-те најчести грешки кои можете да ги направите во врска со вашата коса...


Миење на косата секој ден

Професионалците истакнуваат дека косата е најубава кога природните масла од влакната го превземаат коренот на косата. Косата мијте ја секој втор или дури секој трет ден. Ако се разбудите со замрсена коса, испрскајте ја истата со обична вода и полека размрсете ја со чешел.

Врзување на косата со стегач постојано на исто место

Со врзување на косата во коњско репче постојано на исто место уништувате многу влакна. Ако имате навика често да ја носите косата заврзена, секогаш малку поместувајте го стегачот и заврзувајте ја опашката малку повисоко или пониско.



Чешлање на измиена, мокра коса од коренот до врвот

Иако чешелот е многу подобар за расчешлување на мократа коса од самата четка, чешлањето на косата со долги потези од самото теме до врвовите е штетно за вашата коса. Косата расшелувајте ја од врвовите и тоа дел по дел, постепено додека не дојдете до темето.

Долго чешлање на косата

Се што и е потребно на вашата коса се неколку потези со четката за природните масла од вашите влакна да се распоредат од коренот до врвовите. Повеќе од тоа на вашата коса не и е потребно, затоа што со долго чешлање можете да оштетите приличен број на здрави влакна.

Фенирање на целосно мокра коса

Не само што на многу мокра коса е речиси невозможно да моделирате фризура, сушењето на целосно мокра коса со фен ќе ја оштети вашата коса. Пред да го земете фенот, косата замотете ја во крпа и оставете така да постои неколку минути, а потоа пуштете ја косата пет минути сама да се суши и дури тогаш почнете со обликување на фризурата.



Занемарување на кожата на главата

За вашата коса да порасне здрава и сјајна на кожата на главата и е потребна нега. Со масирање на истата со врвовите на прстите го стимулирате протокот на крв, а со препаратите за нега на кожата на главата го зацврстувате коренот на влакното.

Користење на погрешна четка за коса

Освен што ќе ја оштети косата, погрешната четка може да ви се заплетка во вашата коса. Правилото гласи: колку подолга коса, толку поголема четка. За нагласување на волуменот користете округла, а за рамнење - рамна (или плосната) четка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...