Monday, 25 July 2011 10:44 Здравје

Слабеењето е макотрпен и прилично долг процес во кој успеваат само најупорните. Но, постојат трикови кои можат да ви помогнат да ги промените своите нездрави навики и да ја прилагодите прехраната и животот за својата цел, а тоа е губење на килограми без многу тешкотии...


Јадете паметно

Паметната прехрана освен здрави намирници вклучува и трикови за лажење на желудникот. Пред да почнете со ручек или вечера, задолжително изедете бистра супа или салата. Тоа малку ќе ве засити и нема да ви го оптерети желудникот, па со самото тоа ќе изедете многу помалку.

Грицки за слабеење


Кога велиме грицки, не мислиме на мрсен чипс туку на вкусни и хранливи намирници кои би требало да ги изедете 10 минути пред оброкот. Една шака бадеми и лешници во комбинација со сушено овошје ќе ве засити моментално, па со самото тоа ќе изедете многу помалку за ручек или вечера.



Јадете на секои три часа

Професионалците тврдат дека клучот за слабеење се крие во метаболизмот кој треба да биде брз и активен, што се постигнува со гориво, односно со храна. Обидувајте се да се придржувате на едноставното правило и секои три часа внесувајте малку храна во организмот. Станува збор за внесување на 3 мали меѓуоброци како веќе споменатото кафеаво и суво овошје, слата, супа или варен зеленчук кои на вашето тело ќе му дадат доволно енергија.

Пазете со кој јадете


Истражувањата покажале дека прехрамбените навики по многу работи зависат од луѓето со кои поминувате многу време. Ако планирате да изгубите килограми, избегнувајте го дружењето каде што се конзумира брза храна и грицки. Исто така, добро размислете дали храната која ја јадете во текот на работното време навистина му одговара на вашиот организам и на вашата желба за слабеење.

Станете ранобудник

Почнете со оброците колку што е можно порано и не редуцирајте ги порциите појадок и ручек, туку редуцирајте ја порцијата за вечера. Истражувањата покажале дека личностите кои јадат послаб појадок многу порано чувствуваат глад отколку оние кои првиот или вториот оброк го конзумираат пообилно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...