Friday, 15 July 2011 10:07 Здравје

Препораката на ден да се пијат осум чаши вода е „најголема глупост“, објавено е во British Medical Journal...


Докторката Маргарет Мекартни тврди дека уште никој не докажал од медицинска страна дека толку вода во организмот навистина помага или дека воопшто му е потребна на човекот. Напоменува дека некои здравствени организации всушност се под спонзорство на производители за вода и поради тоа тврдат дека дневно мора да се пијат до 2 литри вода, затоа што блага дехидрација предизвикува развој на болести.

Мекартни пак истакнува дека премногу вода всушност може да биде и опасно, затоа што го намалува нивото на натриум во крвта и може да доведе до хипонатремија, а пиејќи повеќе вода, луѓето повеќе се изложуваат на загадените состојки од истата. „Луѓето уште мислат дека ќе имреме или бубрезите ќе ни се исушат ако не испиеме осум чаши вода на ден. Но, колку што јас знам, се уште нема ниту еден таков случај во историјата на медицината“, рече Мекартни.



Пофалбите на вода во САД почнале во 1945 година и пред тоа никој не споменувал дека треба да се пие толку вода на дневна база. Со време се врежало мислењето дека водата ги редуцира уринарните инфекции, го поправа тенот, помага во губењето на тежината и ја подобрува концентрацијата. За таквите податоци никој никогаш не приложил ниту еден доказ.

„Бубрезите се одличен орган кој не треба да се ‘пере’ со големи количини вода и во случај да недостига вода, бубрегот сам ќе ја концентрира урината“, заклучува доктор Мекартни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...